ФУДБАЛ – ГОЛД-КУП

Хесус Фереира стана првиот Американец што постигнал три гола (т.н. хет-трик) во два меча по ред за репрезентацијата, а САД се пласираа во четврт-финалето на Голд-купот, фудбалското првенство на Северна Америка, со победата со 6-0 на дуелот со Тринидад и Тобаго, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
– Тој интензитет со кој излегува тимот ми помага. Сите работиме заедно. Сите заедно се браниме. Сите напаѓаме заедно – рече Фереира.

Фереира му се придружи на Лендон Донован како единствениот Американец со три хет-трика за репрезентацијата. САД го освоија првото место во групата А со подобра гол-разлика од Јамајка и во четврт-финалето на 9 јули ќе игра со Канада, Гватемала или со Гвадалупе.

Во четврт-финалето се пласираа и Панама, Јамајка, Мексико и Катар, кој настапува како гостин, а денеска на програмата се решавачките мечеви во групите Ц и Д за уште три места меѓу осумте најдобри.