Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас со Наполи ќе се сретне против Барселона во дерби-дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите. Ова е резултат на ждрепката за првата рунда од нокаут-фазата во најквалитетното европско клупско натпреварување, влечена денеска во Нион, Швајцарија.

Внимание привлекува и двомечот помеѓу Атлетико Мадрид и Интер, додека актуелниот бранител на трофејот Манчестер сити ќе се соочи со Копенхаген.

Осминафинални двојки

Порто – Арсенал
Наполи – Барселона
ПСЖ – Реал Сосиедад
Интер – Атлетико Мадрид
ПСВ – Борусија Дортмунд
Лацио – Баерн
Копенхаген – Манчестер Сити
Лајпциг – Реал Мадрид

Првите натпревари се играат на 13, 14, 20 и 21 февруари, реваншите се закажани за 5, 6, 12 и 13 март.