Одморањето на играчите сега е важно бидејќи календарот е неверојатен. Тоа е многу сериозна тема. Возбудени сме што играме и тоа им се допаѓа на играчите, но има ограничување за сѐ и мислам дека во моментов, со овој календар, го надминуваме тоа. Сите заедно мораме да направиме нешто за да го промениме ова, рече Анчелоти, тренерот на европскиот фудбалски првак
Тренерот на европскиот првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во средата изјави дека фудбалскиот календар е премногу напорен за играчите, пренесе „Агенцијата Франс прес“ (АФП).
Реал Мадрид наскоро треба да настапи во полуфиналето на Светското клупско првенство во Мароко и останува во конкуренција за нов трофеј во Лигата на шампионите, домашниот куп и за титулата во шпанската фудбалска лига.
– Нема да отфрламе натпреварување бидејќи овој клуб не отфрла натпреварувања. Но одмарањето на играчите сега е важно, бидејќи календарот е неверојатен. Ла лига сака да го направи своето, федерацијата (шпанската ФА) сака да го направи своето, Светската фудбалска федерација сака да го направи своето, Европската фудбалска унија сака да го направи своето – изјави Анчелоти.
Тренерот на Реал Мадрид рече дека неговите фудбалери немаат време за одмор и дека мора да се направи нешто за преголемото количество фудбал што го играат елитните тимови.
– Тоа е многу сериозна тема. Возбудени сме што играме и тоа им се допаѓа на играчите, но има ограничување за сѐ и мислам дека во моментов, со овој календар, го надминуваме тоа. Сите заедно мораме да направиме нешто за да го промениме ова – рече Анчелоти.