Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја информирал управата на клубот дека има намера да бара нов предизвик во својата кариера и дека ги разгледува сите понуди што за него ги испратија Реал Мадрид, Челзи, Јувентус и Манчестер Јунајтед.
Пречка во намерата полскиот напаѓач да го напушти баварскиот тим може да биде договорот што го има со важност до 2021 година.
Директорот на клубот Карл-Хајнц Румениге во неколку наврати истакна дека нема да му дозволи на Левандовски да замине.
Полскиот репрезентативец беше член на Баерн четири години, освои исто толку шампионски трофеи во Бундеслигата. На 195 натпревари има постигнато 151 гол.