На 45 од предвидените 54 средби (девет се играа синоќа), гостинските репрезентации забележаа 23 победи, 12 ремија и 10 порази, а вкупната гол-разлика е 58-42 за гостите

ФУДБАЛ – ЛИГА НА НАЦИИ

Гостинските фудбалски репрезентации забележаа убедливо подобри резултати во првите пет дена од новата сезона во Лигата на нациите (ЛН), остварувајќи 23 победи, 12 ремија и 10 порази на 45 меча во лигите А, Б, Ц и Д. Вкупната гол-разлика е, исто така, во корист на гостите, 58-42. Синоќа се играа преостанатите девет средби од второто коло. Во првото издание на ЛН во мечевите играни во септември 2018 година, на пример, домаќините победија на 23 меча, гостите на 14, а се ремизира на девет средби.

Во новата сезона, во лигата А на 12 меча гостите славеа на пет, домаќините на четири средби, а три меча беа нерешени. Вкупната гол-разлика е 15-12 за домаќините. Синоќа играа Франција – Хрватска, Шведска – Португалија, Белгија – Исланд и Данска – Англија. Во лигата Б се одиграа сите 16 меча во првите две кола, девет пати победија гостите, двапати домаќините, пет средби завршија со реми. Вкупната гол-разлика е 26-16 за гостите.

Во лигата Ц на 12 средби гостите победија на осум, на две домаќините, а два меча завршија со нерешен резултат. Вкупната гол-разлика и во оваа лига по некомплетното второ коло е во корист на гостите, 16-7. Синоќа играа Грузија – Македонија, Ерменија – Естонија, Кипар – Азербејџан и Луксембург – Црна Гора.
Домашните селекции беа поуспешни во лигата Д, со по две победи и ремија и еден пораз, како и вкупна гол-разлика 5-4, а последниот меч од оваа лига во септемвриските дуели се играше синоќа помеѓу Сан Марино и Лихтенштајн.


ЕФЕКТОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ

Лига А 12 4 3 5 15-12
Лига Б 16 2 5 9 16-26
Лига Ц 12 2 2 8 7-16
Лига Д 5 2 2 1 5-4
ВКУПНО 45 10 12 23 4 2-58

Колоните се мечевите, победите на домаќините, нерешените средби, победите на гостите и вкупната гол-разлика. Синоќа се играа уште девет меча од второто коло