Животни

Начинот на кој ги храниме нашите миленици, ја складираме нивната храна и ги миеме садовите може да има негативни здравствени последици доколку не се направи правилно – и за луѓето и за животните.
Имаше повеќекратни појави на болести кај луѓето по изложување на храна за кучиња контаминирана со ешерихија коли и салмонела. Овој феномен обично е резултат на приготвувањето на храната за домашни миленици во кујната, според студијата објавена во списанието „Плос ван“.
Меѓутоа, упатствата за тоа како сопствениците треба безбедно да ракуваат со храната и приборот за домашни миленици се ограничени, а нивната ефикасност е нејасна, па затоа авторите на новата студија ги истражувале навиките во исхраната на сопствениците на кучиња и го анализирале влијанието на хигиенските протоколи врз можната инфекција. Истражувачите откриле дека 4,7 отсто од 417-те анкетирани сопственици на кучиња биле свесни за упатствата за ракување со храната за домашни миленици и хигиената на садовите, а 43 отсто од учесниците чувале кучешка храна на растојание од 1,5 метар од човечката храна, 34 отсто ги миеле рацете по хранењето и 33 отсто ја приготвувале храната за кучиња на површини наменети за човечка употреба.
Педесет сопственици на кучиња учествуваа во приближно осумдневен експеримент за контаминација на чиниите. Оние што ги миеле рацете пред и по ракувањето со храна за домашни миленици, ги миеле садовите и приборот со сапун и топла вода по употребата, а потоа ја фрлале неизедената храна според предвиденото и чувале сува храна за домашни миленици во оригиналната кеса значително го намалиле ризикот од бактерии.