Фото: Пиксабеј

Животни

Нашите предци најверојатно ги чувале лисиците како домашни миленици долго пред да се појават домашните кучиња. Археолошките докази покажуваат дека древните човечки општества во Јужна Америка ги почитувале лисиците до тој степен што биле закопувани покрај луѓето.
Научниците биле изненадени кога пронашле лисица закопана во човечки гроб стар 1.500 години во Патагонија, Аргентина. Тие веруваат дека најверојатното објаснување е дека лисицата била високо ценет човечки придружник или домашно милениче. ДНК-анализата покажала дека животното вечерало заедно со праисториски ловци и дека живеело во внатрешниот дел од просторот. Лисица од истиот вид е пронајдена во многу постар гроб, во друг дел на Аргентина, пред речиси една деценија. А таа, како што се претпоставува, била и миленичка.
– Ова е многу ретко откритие, дека лисицата имала толку блиски односи со луѓето во општеството на ловците. Мислам дека тоа не било само работа на соживот туку и на вистинско дружење – вели Офели Лебрасур од Универзитетот во Оксфорд.
Лисицата била пронајдена на гробиштата во Канада Сека, Аргентина, место што некогаш било населено со групи ловци. Истражувањето на коските на животното покажало дека му припаѓа на видот познат како Dusicion Avus, кој изумрел пред околу 500 години. Заби на дива лисица се пронајдени во антички човечки гробови низ Аргентина и Перу, што укажува на тоа дека животното имало симболично значење.
Откривањето речиси целосен скелет на лисица во човечки гроб е исклучително ретко во светските археолошки записи. Лисицата што го носи научното име Dusicion Avus имала со средна големина и тежела 10-15 килограми. Изумрела пред околу 500 години. Истражувањето е објавено во списанието „Ројал сосајети – опен сајенс“.