Новиот тренд на Тикток пристигна токму на време за летото: лимонада со смрзнати протеини. Онлајн „готвачите“ воведуваат нова верзија на протеински шејкови, заменувајќи го свежото овошје и јогуртот со лимонада и мраз. Резултатот е студено слатко смути, за кое многумина тврдат дека е поздрав начин на уживање во летен напиток, пишува „Хелт“.

Рецептите на Тикток содржат лимонада и мраз измешани заедно, плус протеински прашок, обично со вкус на ванила. Некои додаваат и екстракт од ванила. Секако, по ваш избор може да си додадете и некое сезонско овошје или зеленук.

Иако трендот на протеинска лимонада има доста критичари, диететичарите се согласуваат дека слободно може да уживате во овој протеински шејк, но сѐ додека го пиете умерено и не претерувате во користењето индустриски додатоци.

Дали протеинската лимонада е навистина здрава?

Лимонадата што се „врти“ онлајн најчесто е без додаток на шеќер, но со многу вештачки засладувачи. Ако некој претпочита напитоци со низок или без шеќер, имајте предвид дека вештачките засладувачи се штетни и може да му создадат проблеми на вашиот стомак. Некои рецепти бараат додавање мед, агава или јаворов сируп, кои ќе да го направат пијалокот посладок, а претставуваат поздрава замена за шеќер.

Од протеинската страна на нештата, Тикток верзијата на протеинска лимонада има од 15 до 30 грама протеини по порција. Врз основа на досегашните сознанија, телото можат да апсорбира околу 20 до 25 грама протеини во секој оброк, а протеините треба да се дистрибуираат низ оброците и ужините во текот на денот. Кога користите протеински прашок, имајте за цел да користите не повеќе од 20 до 40 грама дневно.

Протеинските прашоци можат да им помогнат на луѓето да ги пополнат празнините за да ги задоволат нивните потреби за протеини. Постарите возрасни лица, веганите и спортистите имаат поголема потреба од протеини, така што оваа лимонада може да биде вкусен начин за внесување дополнителна протеинска доза.

Внимателно во однос на вештачките протеини и засладувачи

Иако овој пијалок во умерени количини може да биде добар додаток во исхраната на една личност, има неколку важни совети што треба да ги имате на ум пред да се решите за протеинската лимонада.

Конзумирањето премногу протеински прашоци може да ги оттргне природните протеини од вашето дневно мени, па затоа е важно да внесувате протеини и на други начини, освен само во прав. Добри извори на протеини се пилешкото месо, говедското месо, јајцата, тофу сирењето, јаткастите плодови и гравот. Исто така, тие нѐ снабдуваат со витамини, минерали и други хранливи материи што му се потребни на нашето тело.

Од друга страна, не смее да се заборави фактот дека сѐ што е вештачки создадено си носи со себе одредени ризици по здравјето. Протеинските прашоци не се баш толку безбедни, затоа е важно да се обрне внимание и на нивниот квалитет, како и на вашите цели за негово вклучување во вашата исхрана. Изборот на вистинскиот вид протеински прашок воедно значи да се избере оној што не предизвикува никакви нетолеранции или алергиски реакции. Погрижете се да најдете некој што е докажано тестиран, со јасен состав и упатства на амбалажата, за да се осигурате дека ги исполнува безбедносните стандарди.

Од оваа гледна точка, бидејќи протеинските прашоци не се доволно детално регулирани и бидејќи некогаш може да содржат и други состојки – како тешки метали и загадувачи кои не се наведени на етикетата – нутриционистите им препорачуваат на родителите да ја избегнуваат оваа протеинска лимонада кога станува збор за децата.

Да заклучиме: Експертите се согласни дека протеинските шејкови како овој, секако, можат да бидат дел од здравата исхрана, сѐ додека едно лице јаде доволно други извори на протеини од природна храна – јаглени хидрати, здрави масти, овошје и зеленчук.

Иако протеинската лимонада не е неопходен додаток во исхраната кај лица кои на природен начин ги задоволуваат своите потреби за протеини, таа секако може да биде здрав дел од нашата секојдневна исхрана – но, во умерени количини и со особено внимание на индустриски произведените компоненти. Претераната употреба на протеини во прав и вештачки засладувачи (па дури и на оние природните, како медот и јаворовиот сируп) може да доведе до дисбаланс во организмот и бројни несакани последици.