Техно

Јапонската компанија „Кавасаки“ произведе роботска коза што може да се јава, како и да транспортира товар.
„Кавасаки“ ја претстави роботската коза по име Бекс на меѓународниот саем за роботи во Токио, а станува збор за робот на четири нозе, чиј дизајн е инспириран од Ибекс, вид дива коза што живее во Евроазија и Африка.
Роботската коза Бекс е производ на програмата Калеидо на „Кавасаки“, која се фокусираше на развивање роботи со две нозе од 2015 година. Меѓутоа, инженерите одлучија да направат робот што може да се движи побрзо на рамно тло, но и полесно да го совлада теренот со поголеми барања. Како што може да се види, Бекс има сет од тркала во пределот на колената, кои му овозможуваат побрзо да се движи на рамни површини во споредба со темпото што го користи при одење.
Роботот може да носи околу 100 килограми товар, а покрај транспортот на градежни материјали и слично, би можел да врши и инспекции на индустриски локации, исто како што тоа го прави веќе познатиот робот Спор во фабриките на „Хјундаи“ во Јужна Кореја.