Нега и убавина
Ревиите на најпознатите светски модни дизајнери најавија доаѓање на силни и неонски бои за оваа пролет. Во упадливи тонови ќе биде и шминката. Токму затоа многумина 2022-та ја нарекуваат година на сјај, руменило и металик-шминка.
Алан Авендањо, шминкер на најпознатите лица на Холивуд, како што се Ванеса Хаџенс и Џоди Тарнер-Смит, смета дека овие три тренда ќе бидат голем хит, а на своите клиентки им прикажа и како ќе изгледаат тие.
Металик-шминка: Алан смета дека металик-нијансите ќе бидат популарни во текот на целата година. Овие тонови ќе ја нагласат вашата шминка и ќе ѝ дадат впечатлива и ефектна нота.
Контурирање со руменило: „Руменилото ме враќа во 1980-тите. Потрудете се да го ставите сѐ до слепоочниците, бидејќи руменилото навистина го оживува лицето и го врамува. Без оглед дали се работи за течно, крем или руменило во прав, почнете со оние светлите бои и надградувајте“, наведува Алан.
Сјај: Се смета дека почетокот на втората сезона на моментно една од најпознатите серии, „Еуфорија“, е најава за овој тренд. Полни и сјајни усни и светки на очите веќе завладеаја со Холивуд. Со ваква шминка ќе оставите силен впечаток каде и да се појавите.