Нега и убавина
Здравите нокти и коса се она кон што се стреми секоја жена, а не смееме да ги заборавиме и испуканите петици, па затоа издвојуваме неколку совети како да се негуваат.
Главната состојка што помага при многу проблеми со стапалата е состојка без која ниту една кујна не е комплетна, а тоа е јаболковиот оцет. Јаболковиот оцет е широко користен во народната медицина, бидејќи содржи оцетна киселина, која има силно антимикробно дејство.
Јаболков оцет против суви и испукани петици: Натопете памук во јаболков оцет, а потоа нанесете го на проблематичната област. Заштитете ја памучната облога да не падне – со завој, селотејп или поцврст чорап – и оставете ја да отстои прекуноќ. Повторувајте го овој третман неколкупати неделно, додека не омекне вашата кожа, а потоа ќе биде полесно да се отстрани вишокот мртва кожа.
Јаболков оцет против плускавци: Скршете од три до пет таблети аспирин, а потоа во правот додајте капка јаболков оцет. Ставете ја смесата на израстокот, завиткајте ја во крпа или завој и оставете ја 10-15 минути, а потоа извадете ја и со камен отстранете ги мртвите клетки од кожата од стапалата.
Јаболков оцет против габички на нозете: Истурете топла вода и еднакво количество јаболков оцет во леѓен, односно вода и оцет во сооднос 1:1. Потопете ги стапалата и оставете ги 30 минути, а најважно е целосно да ги исушите откако ќе ги извадите стапалата од оваа бања. Повторувајте го тоа секојдневно, но не повеќе од трипати на ден.