Медицински совет
Ракот на црниот дроб се смета за една од најчестите болести во светот, со околу 900.000 жртви годишно. Затоа не е лошо да се открие навреме за да биде поуспешно лекувањето.
Овој тип рак се јавува кога клетките почнуваат неконтролирано да се шират во горниот десен дел од абдоменот. Она што ги загрижува луѓето што имаат рак на црниот дроб е тоа што повеќето од нив не ги чувствуваат раните симптоми што укажуваат на оваа состојба. Затоа докторот Ајман Салех од фондацијата „Сидра медисин Катар“ споделува кои се првите симптоми што можат да се забележат на телото.
Доктор Салех тврди дека повеќето од симптомите се вообичаени, но дека понекогаш е потешко да се откријат бидејќи се јавуваат и кај други медицински состојби. Тоа се: слабеење и ненадејно губење на тежината, болка во горниот дел на абдоменот, особено во десниот дел на абдоменот и оток или зголемување на абдоменот.
– Ракот на црниот дроб може да го наруши нормалното функционирање на црниот дроб, влијаејќи на неговата способност да обработува хранливи материи и токсини, што може да резултира со губење на тежината, губење на апетитот, замор и слабост – објаснува д-р Салех.
Исто така, ракот на црниот дроб може да ги блокира жолчните канали, што дополнително доведува до таложење на жолчката во црниот дроб и крвотокот, предизвикувајќи жолтица, потемна боја на урината и бледа столица. Затоа, доколку ги забележите повеќето од горенаведените симптоми, побарајте стручна помош за да утврдите дали навистина станува збор за сериозна болест.