Медицински совет

Постојат неколку нездрави навики што повеќето од нас ги практикуваат и кои негативно влијаат на здравјето на бубрезите без воопшто да се свесни за тоа. Имено, прво треба да го намалите прекумерното консумирање на сол. Меѓународната организација за заштита на здравјето на бубрезите препорачува возрасните да консумираат максимум 2.300 милиграми натриум дневно, додека оние со бубрежни заболувања или висок крвен притисок треба да се ограничат на 1.500 милиграми дневно.
– Кога јадете премногу сол, бубрезите реагираат така што ја задржуваат водата за да ја разредат. На овој начин тие се оштетуваат. Тоа може да го оштети и срцевиот мускул – вели докторот С. Адам Рамин.
Според истражувањето објавено во стручното списание „Нутришн“, лицата што јадат ултраобработена храна имаат најголема инциденца на хронични бубрежни заболувања. Затоа, намалете ја брзата храна и јадете повеќе овошје и зеленчук.
Исто така, не треба да претерувате со јадење црвено месо. Студија од 2017 година покажа дека тоа е поврзано со ризикот од краен стадиум на бубрежна болест. Пијалаците со вештачки засладувачи се безбедни доколку ги пиете умерено. Меѓутоа, доколку ги консумирате секојдневно, имате поголем ризик од оштетување на бубрезите, срцеви заболувања и мозочен удар.
Меѓународната организација за заштита на здравјето на бубрезите објави дека пиењето четири алкохолни пијалаци дневно го удвојува ризикот од хронична бубрежна болест.
– Во уште поголема опасност се лицата што често пијат алкохол и сакаат да пушат цигари – истакна докторот.