Медицински совет

Валунзите, т.е. ненадејните бранови на жештина, може да бидат крајно непријатни за жените во менопауза. Постојат неколку начини да ги спречите. Урамнотежената исхрана е една од најдобрите работи што можете да ги направите за вашето здравје. Тоа може да го намали и интензитетот на топлите бранови и на другите симптоми на менопауза. Како што се менуваат хормоните така се менува и начинот на кој телото ги апсорбира хранливите материи.
Поради оваа причина, на жените во менопауза им се потребни повеќе хранливи материи, како што се протеини, калциум и витамин Д. Меѓутоа, тие треба да го намалат внесувањето на јаглени хидрати и гликоза. Затоа, исхраната треба да се состои од овошје, зеленчук, цели зрна и месо со малку маснотии. Треба да се избегнуваат преработена храна, црвено месо, алкохол и шеќер.
Редовното вежбање, исто така, е важно бидејќи помага да се одржи подвижноста, да се зголеми енергијата, да се подобри расположението, да се намалат несоницата и зачестеноста на бранови на жештина. На жените им се препорачува да прават вежби за флексибилност и издржливост.
Покрај тоа, треба да престанете да пушите и да спиете осум часа секоја вечер. Медитацијата е идеален начин да го контролирате стресот и да се опуштите. Бидете свесни за фактот дека барањето стручна помош е сосема нормално. Вашиот лекар може да ви пропише хормонска терапија доколку имате тешки симптоми на менопауза. Сепак, најчесто таа се пропишува во мали дози бидејќи е поврзана со поголем ризик од рак и кардиоваскуларни заболувања.
Нехормоналната терапија вклучува консумирање мали дози антидепресиви и габапентин. Габапентин е лек за невролошки нарушувања, но исто така е откриено дека ги намалува брановите на жештина, особено оние што се појавуваат ноќе.