Медицински совет
Потоплите денови што доаѓаат ќе им донесат многу проблеми на лицата што имаат алергија на полен. За среќа, со следниве неколку чекори можете да ги ублажите симптомите.
Медот се смета за природен лек за поленската треска, бидејќи поленот на пчелите може да ја намали чувствителноста на другите видови полен. Почнете секојдневно да консумирате мед, со што значително ќе ги намалите симптомите на поленската треска.
Црвената пиперка содржи капсаицин, кој помага во намалувањето на затнатоста на носот. Затоа, овој вид пиперки нека ви бидат почесто на менито.
Се советува и нанесување тенок слој вазелин под носниците, бидејќи така ќе спречите поленот да влезе во ноздрите. Сигурен е за користење, па затоа можете да го употребувате секојдневно, пред да излезете од дома.
Ролетните во домот чистете ги еднаш месечно за да се ослободите од поленот што се задржува на површината. Користете влажна крпа и мало количество хемиско средство за чистење. На крајот повторно пребришете ги со сува крпа.
Постелнината перете ја еднаш неделно во топла вода. Доколку се шминкате или употребувате крема за сончање, задолжително кога ја вадите користете мицеларна вода, а потоа гел за чистење на лицето.