Прозните книги на мојата младост

(од мојата 16. до 24. година, гимназија и факултет)

Некои беа дел од училишната и студентската лектира (што тогаш ја читавме редовно, некогаш по задача, некогаш со страст), другите откритија на љубопитниот студент по литература. Но и едните и другите ги одделувам како книги што додека ги читав бев залепен за нив од првата до последната страница, што речиси ме довеле до Стендалов синдром, забрзано чукање на срцето од восхит и вџашеност.
Како некој вид премин, паралелен со пубертетот, „Клетниците“ на Иго, „Тивкиот Дон“ на Шолохов и „Мемоарите“ на Казанова, потоа (се трудам да ја насочам меморијата хронолошки):

Сервантес – „Дон Кихот“

Х. Милер – „Sexus“

Ромен Ролан – „Жан Кристоф“

Стендал – „Пармскиот картузијански
манастир“

Достоевски – „Злосторство и казна“

Толстој – „Ана Каренина“

Хесе – „Игра со стаклените бисери“

Ман – „Волшебниот брег“

Флобер – „Г-ѓа Бовари“

Раскази на Чехов, Кафка, Хемингвеј

Булгаков – „Мајсторот и Маргарита“

Џојс – „Даблинци“
Јурсенар – „Хадриановите мемоари“

Калвино – „Баронот на дрво“

Раскази на Мопасан, О’Хенри,

Пирандело, Селинџер

Ман – „Смрт во Венеција“

Борхес – „Алеф“

Андриќ – „Проклетата авлија“

Црњански – „Роман за Лондон“

Есеи на В. Вулф, М. Цветаева, И. Еренбург

Маркес – „Сто години самотија“

Набоков – „Лолита“

Шулц – „Продавниците со боја на цимет“

Селин – „Патување до крајот на ноќта“