„Македоника литера“ деновиве ја публикуваше книгата „Клучните концепти во кинеската традиционална култура на владеење на правото“ од авторите Цуи Јунхуа и Ли Чи, во превод од англиски јазик на Славчо Пеев.
Книгата се состои од три дела: Филозофија на правото, Правен систем и Правна култура и претставува збирка со 107 поими или фрази од кинеската традиционална правна култура и нивно толкување. Тие се засновани на социјалистичката теорија за владеење на правото со кинески карактеристики. Традиционалната култура на владеење на правото е поткрепена со современо толкување на древната филозофија на правото, институциите и културите и користење на современи теории на правото.
Низ својата долга историја, развојот на кинеското владеење на правото бил збогатен со многу брилијантни идеи, системи и култури. Овие мудри постигнувања не само што се цврст темел на кој стои Кина туку се и важна движечка сила за постојан напредок на кинескиот народ. Традиционалната култура на владеење на правото во себе ја содржи есенцијата на развојот на кинеското владеење на правото. Општо кажано, т.н. „традиционализација“ е толкување на статичното и „старо“ право од страна на денешните генерации што користат современа теорија на правото. Во текот на својот развој, традиционалното владеење на правото во Кина, содржејќи ја истата мудрост, како и современиот концепт, акумулирало вредно богатство од ресурси што може да се спореди со која било друга древна цивилизација. Релевантните истражувања повторно ги откриваат и ги толкуваат конотациите на древното право заради референца во современото општество. Изучувањето на кинеската традиционална правна култура не е само систематски проект за враќање на сјајот на древната правна култура туку е и длабоко патување за истражување на потеклото на современата кинеска правна мисла.
На крајот, книгата содржи список по азбучен ред на објаснети концепти и кратка хронологија на кинеската историја.