Меѓународната научна конференција „Луан Старова – писател и истражувач“ ќе се одржи денеска на Катедрата за албански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Во организацискиот одбор се: Владимир Мартиновски, Исмет Османи, Мирлинда Крифца-Беќири, Теута Арифи, Аслан Хамити, Ваљбона Тоска, Елисавета Поповска, Мируше Хоџа и Блерант Мехмети.
Поздравни обраќања ќе имаат Јета Старова Мемети и Ермал Мемети, Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и Биљана Ангелова, ректорка на УКИМ, Исмет Османи, раководител на Катедрата за албански јазик и книжевност, Јоана Хаџи-Лега Христоска, раководителка на Катедрата за романски јазици и книжевности, акад. Влада Урошевиќ, МАНУ, и акад. Ферид Мухиќ, БАНУ.

Ќе бидат презентирани рефератите на Анастасија Ѓурчинова: „Рецепција на романите на Луан Старова во Италија“, Веби Беџети: „Митот и антимитот во романот ’Времето на козите‘ од Луан Старова“, Лорета Георгиевска: „Женскоста во романот Ервехе од Луан Старова“, Мирлинда Крифца-Беќири: „Реалното и имагинарното во романескниот циклус на Луан Старова“, Елисавета Поповска: „Перитекстот во француските изданија на романите на Луан Старова“, Фатмир Сулејмани: „Влијанието на европската литература врз творештвото на Луан Старова“, Лидија Капушевска-Дракулевска: „Луан Старова како поет“, Африм Реџепи: „Изополифонијата во романите на Луан Старова“, Деспина Ангеловска: „Библиотеката како татковина и прибежиште: Рефлексија за значењето на книгите во делото на Луан Старова“ и многу други.