Елмор Леонард е еден од најпопуларните американски писатели на криминалистички романи, најпознат по својот чист стил, добро чувство за убедлив дијалог, неприсилена сатира и впечатливи ликови. Првично, тој работеше на сценарија за промотивни и едукативни филмови, но набрзо почна да пишува вестерн романи и раскази, главно сместени во Детроит, пишува „Гардијан“. Голем број негови романи и приказни се екранизирани, од кои „3.10 до Јума“, „Големото отскокнување“, „ЛаБрава“, „Надвор од видик“, а тука е и „Оган во дупката“, приказна што послужи како основа за популарната серија „Оправдано“. Тој има 10 совети за пишување литература…
1. Никогаш не започнувајте книга со опишување на временските услови. Ако е само за да се создаде атмосфера, а не за да се прикаже реакцијата на некој лик на времето, не сакате тоа да биде предолго. Читателите би можеле да бидат склони да прескокнуваат страници за да стигнат до точката каде што се појавуваат ликовите.
2. Избегнувајте пролози, бидејќи тие можат да бидат иритирачки, особено по воведот, кој доаѓа по предговорот. Прологот во романот е само дополнителна приказна во заднина и можете да ја вметнете каде што сакате.
3. Не користете друг глагол освен „рече“ за да го опишете дијалогот. Зборовите му припаѓаат на ликот што ги изговара, а глаголот е начин на писателот да се вмеша, но „рече“ е многу помалку проблематично од „мрмори“, „изнесе“, „воздивнува“…
4. Не употребувајте ниту прилог што ќе го промени значењето на глаголот „рече“. Тоа е смртен грев и тоа се зборови со кои се одвлекува вниманието од самиот разговор и се прекинува неговиот ритам.
5. Внимавајте на извичниците. Дозволени ви се до два или три на околу 100 илјади збора проза.
6. Никогаш не употребувајте ја фразата „одеднаш“ или „настана пекол“. Овде не е потребно објаснување.
7. Користете регионален дијалект и жаргони многу внимателно. Кога ќе почнете да вметнувате такви зборови, тешко е да се запре.
8. Избегнувајте детални описи на ликовите, туку огледајте се на Хемингвеј, кој има многу малку физички описи во неговите дела.
9. Не навлегувајте во премногу детали кога опишувате места и работи, освен ако навистина не знаете како да насликате пејзаж со вашиот јазик. Не сакате да ги прекинете дејството и текот на приказната.
10. Обидувајте се да ги изоставите деловите што читателите ги прескокнуваат. Размислете што би прескокнале и не ставајте ги во делото.