Дупната топка.
Никој да ја засолни
пред летното сонце.
Два рида
фатиле поза згодна
за „клик“ во езеро.
На плажата, таа.
И галеб. Се будам:
мина полноќ.
Се вкотвил галеб
врз гума за пливање.
Пристан сред езеро.
На клупа, в Охрид
ѓеврече едно делиме
– јас и врабецот.
Дувна ветре.
„шшш…“, се заниша хор од
езерски трски.
Долг летен порој.
Штркот гаца до колена
– езерото расне!
Пливам в езеро
кога, на карпа – крава!
земја – воздух – вода…
По дождот, рибар
фрла јадица. Но…
галебот е побрз!
Змивче езерско
дебел пливач виде и
од страв побегна.