Дали сте знаеле дека…

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. Први април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го обележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн.
Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и секој што прави трикови попладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат. Во други земји како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД, шегите траат цел ден.
Во Франција и Италија децата (и возрасните, кога е соодветно) традиционално на грбовите еден на друг си лепат риби од хартија (на француски „Poisson d’avril!“, a на италијански „Pesce d’aprile!“).
Холанѓаните имаат традиција на лажење на 1 април: весниците се натпреваруваат да објават ексклузивни вести, на пример, за доаѓањето на некои светски државници во тој град или за болести, за експерименти во атомистиката итн.
Во Полска, prima aprilus, (1 април на латински јазик), е ден полн со шеги, луѓето, медиумите и дури јавните институции прават разни измами. Но најчесто се избегнуваат сериозни активности.


Најраната врска помеѓу Први април и шегата може да се најде во „Кантербериските приказни“ на Џефри Чосер (1932). Многу писатели претпоставиле дека зад создавањето на овој празник стои враќањето на Први јануари како Нова година, но оваа теорија не објаснува некои поранешни тврдења.
Во средновековието, во голем дел од европските градови, Нова година се прославувала на 25 март. Во некои области на Франција, Нова година била празник што траел една недела и завршувал на 1 април. Некои писатели веруваат дека Денот на шегата дошол оттаму што оние што славеле на 1 јануари ги исмевале оние што славеле Нова година на други датуми. Нова година почнала да се слави официјално на 1 јануари во средината на 16 век, со усвојувањето на Едиктот од Русијон во 1564 г.
Една од првите регистрирани првоаприлски шеги се случила во 1713 година, кога Џонатан Свифт, автор на „Гуливеровите патувања“, објавил дека на 1 април еден од погубените криминалци ќе се врати од мртвите за да се напие пиво во локалниот паб. Тој ден пабовите биле преполни со луѓе што дошле да го видат „мртовецот како консумира пиво“.
Во Македонија исто така се слави овој празник, дечињата се маскираат во градинките и во училиштата, се одржуваат маскенбали на плоштадите во градовите низ државата, сите се весели, се смеат, кажуваат шеги и лаги. И возрасните во последните години организираат маскенбали по кафулињата и дискотеките и се одбираат најиновативни маски.


Првоаприлски сон

Весели дечиња
денес по улици
парадираат,
насмевки собираат,
се фотографираат.

Сонот е јаве,
јавето е сон,
а она што ги спојува
е детскиот ѕвон.

Најголеми чуда
од приказни разни –
принцези, џуџиња,
волшебници и џинови,
сѐ е можно денес
да се види
и дел од сонот
да се биде.

На 1 април сѐ е тука
на дофат на рака,
само треба да се посака!

Марија Таушанска

 

(Од „Википедија на македонски јазик“)