Дали сте знаеле….

Мјузикл или музички театар е жанр во филмската и театарската уметност настанат во почетокот на 20 век. Драмското дејство се искажува со говор, глума, пеење и игра. Мјузиклот настанал како потреба за забава на театарската публика. Тематиката на мјузиклот може да биде приказна од секојдневниот живот или од книжевно дело. Најпознатите мјузикли се „Коса“, „Бакни ме Кејт“, „Циганите летаат во небото“, „Некои тоа го сакаат жешко“, „Чикаго“, „Ла ла ленд“ и други.

Зафир Хаџиманов е автор на текстот, стиховите и на музиката на првиот македонски мјузикл, „Ало будење“. А „Земја во која не се стигнува“ е насловен првиот македонски мјузикл за деца, чија премиерна се случи на 9 декември 2018 година, во Театарот за деца и младинци во Скопје. Проектот е работен според текст на Оливера Николова и музика на Александар Џамбазов, а адаптацијата и режијата беа на Виолета Џолева.

(Од „Википедија“ на македонски јазик)