Ајде да видиме…

Северно од пустината Сахара во најголем дел живеат африканските народи Арапи и Бербери, кои се од исламска вероисповед. Јужно до Сахара повеќето луѓе се со црна боја на кожата, кои зборуваат на банту-јазик. Тие припаѓаат на различни религии. Исто така, во Африка, на исток и на југ живеат луѓе со европско и азиско потекло.
Поголемиот дел припадници на племето Масаи во источна Африка се придржуваат кон традиционалниот начин на живот и се занимаваат со сточарство. Тие и денес носат облека во живописни бои и украси, какви што носеле нивните предци.

(Од детската илустрирана енциклопедија „Прашања и одговори“ на „Топер“)