Многу голем цицач тежок е со тони,
штом почне да рика цела џунгла ѕвони.

Со сурлата долга збира лисја, трева,
со неа и трупци по неколку крева.

Ужива во вода, плива како дабар,
на сурлата има два свиени заба.

Секој него може мирно да го јава,
но од едно глувче од страв губи глава.

(слон)