Сместувајќи се во кадифениот комфор во кабината на своето возило, возачот Лиу му се обраќа на елегантниот екран на контролната табла: „Симо, уште колку имам за да стигнам дома?“ „Имате еден час патување“, одговара вградениот интелигентен систем поддржан од големиот јазичен модел (ЛЛМ), програма напојувана од вештачка интелигенција (ВИ) што може да препознае и генерира мултимедијален текст. „Те молам, активирај ја домашната клима и спупшти ги завесите 30 минути пред моето пристигнување“. „Потврдено“
Една од многуте причини за динамичниот економски раст на Кина
Горниот наратив е сценарио што се одвива во „џијуе“, интелигентно возило поддржано од „Џили авто“, истакнат кинески производител на автомобили, во соработка со „Јијан“, ЛЛМ-платформата на Баиду.
И покрај сложеноста на преклопувачките гласови, симултаните команди или тековните разговори, паметниот гласовен систем може вешто да ги препознае и да одговори на уникатните барања на командантот.
– Стапката на неговото прифаќање достигна импресивни 98 проценти кај сопствениците на автомобили, кои во просек го користат системот повеќе од 60 пати дневно – рече Ксиа Јипинг, извршен директор на „Џијуе авто“.
Видете, кажете и – готово… командата е извршена
Постигнувањето на ова ниво на софистицираност за паметни кокпити е целта на кинеската автомобилска индустрија.
Конкурентната предност на Кина на автомобилскиот пазар не е резултат само на нејзиниот растечки сектор на нови енергетски возила (НЕВ). Брзиот напредок во паметните способности на овие возила е еднакво клучен за обезбедување на таа предност.
Кина е посветена на зајакнување и издигнување на својот авангарден статус во секторот на интелигентно поврзани и нови енергетски возила, според годинешниот владин извештај за работа. Автомобилскиот пејзаж на Кина сега е збогатен со интеграција на модели со вештачка интелигенција од големи размери, заеднички напор помеѓу водечките технолошки фирми и производителите на автомобили. За тоа, истакнатите технолошки фирми создадоа модели како што се Пангу на „Хуавеј“, Јијан на „Баиду“ и Ксинхуо на „Ајфлајтеј“. Производителите на автомобили исто така направија чекори со својата архитектура, вклучувајќи ги Џуанџи на БЈД и Лингкси на „Експенг“. Сега, повеќе од десет кинески бренда на возила го прифатија овој технолошки скок, вградувајќи напредни модели со вештачка интелигенција во својата постава.
Од електрификација до автомобилска интелегенција
– Автомобилите, кои служат како терминал што користи плејада на најсовремени технологии, еволуираа од електрификација до интелигенција и се подготвени беспрекорно да се интегрираат во пошироката транспортна инфраструктура во иднина – рече Фанг Јунжу, основачот на „Хозон авто“, кинески стартап за електрични автомобили.
Претходно возачите требаше да им издаваат директни команди на своите гласовни асистенти, како „активирање на климатизацијата“. Но, сега, со вградувањето напреден модел со вештачка интелигенција, доволна е едноставна изјава како: „Малку ми е ладно“. Софистицираната вештачка интелигенција, демонстрирајќи разбирање што потсетува на човечкото сознание, може да одговори на потребите на возачот со извршување низа дејства. Тоа вклучува затворање на прозорците, приспособување на климатизацијата на навикната температура на возачот и приспособување на вентилаторот на вообичаената поставка.
Давање команди на возилото и во отсуство на интернет-конекција
– Во минатото процесот на препознавање глас вклучуваше анализа на податоци во облакот проследено со преземање на возилото. Сега задачата може да се изврши офлајн, транзиција што им овозможува на возачите беспрекорно да управуваат со своите возила дури и во отсуство на интернет-конекција – рече Ксија.
Интелигенцијата во автомобилите не е ограничена само на паметни кокпити. Кинеските производители на автомобили направија значаен чекор напред со интегрирање на моделот со вештачка интелигенција низ целиот спектар на интелигенција на возилата за да постигнат сеопфатно и вертикално усогласување на апликациите во повеќе сценарија.