Никола Јокиќ, еден од најдобрите светски кошаркари реши да ја смени својата спортска опрема и довербата да ѝ ја даде на кинеска компанија.
Јокиќ имаше на маса голем број понуди, но на крајот тој се реши за патики на „361 дигрис“, кинеска компанија чиј промотор е неговиот соиграч и добар пријател Ерик Гордон. Србинот веќе носеше патики од овој бренд на тренинзите, при што се покажаа како исклучително квалитетни и издржливи. Јокиќ почна да се појавува на натпревари во „361 дигрис“ и на официјални натпревари во дресот на Денвер, но и низ САД. Станува збор за компанија со 20-годишна традиција што има 7.950 продавници низ светот, најмногу во Кина (дури 6.000).