Модернизацијата на Кина опфаќа огромно население, се карактеризира со заеднички просперитет за сите, материјален и културно-етички напредок, хармонија меѓу човештвото и природата и мирен развој, истакна Си Џинпинг за време на конгресот на Комунистичката партија на Кина
Владата во Пекинг нуди алтернатива на западниот развој
И покрај тоа што истовремено ги задоволува растечките потреби на луѓето за подобар живот и убава животна средина, кинескиот пат кон модернизација им нуди на другите земји нов, алтернативен начин кон просперитетот. Киан Јонг, директорот на Истражувачкиот центар за развивање еколошка цивилизација по барање на кинескиот претседател Си Џинпинг, ги даде забелешките во интервју за „Чајна дејли“, откако кинескиот претседател ја нагласи „хармонијата меѓу човештвото и природата“ како главна карактеристика на модернизацијата на Кина на 20-от Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина (КПК).
Модернизацијата на Кина опфаќа огромно население, се карактеризира со заеднички просперитет за сите, материјален и културно-етички напредок, хармонија меѓу човештвото и природата и мирен развој, истакна Си Џинпинг, кој е и генерален секретар на Централниот комитет на КПК, на отворањето на партискиот конгрес што се одржуваше од 16 до 22 октомври.
Киан рече дека под водство на препораките за еколошка цивилизација на кинескиот претседател, Кина воведе низа мерки за да се создаде модернизација со хармонија меѓу човештвото и природата. Изјавата на Си на конгресот го посочи патот и даде фундаментално водство „за напорите на земјата да изгради убава Кина“, додаде тој. Киан потенцира дека непоколебливо придржувајќи се до новата развојна филозофија, државата решително избегна да бара економски раст на сметка на животната средина и промовираше трансформација и надградба на индустриската структура и енергетската мешавина на земјата.
Со мапирање на црвените линии за заштита на животната средина, развивање стандарди за квалитет на животната средина и поставување граници за искористување на ресурсите, Кина се стреми да ги поттикне економскиот и социјалниот развој засновани на високоефикасно искористување на нејзините ресурси, како и зелениот и нискојаглеродниот развој.
Градење еколошка цивилизација
Според Министерството за екологија и животна средина, Кина во просек во изминатите 10 години успеала да поддржи годишен економски раст од 6,6 отсто, со годишно зголемување од три отсто во потрошувачката на енергија. Зајакнати се и институционалните гаранции за изградба на еколошка цивилизација. Земјата, на пример, воведе централна еколошка инспекција од висок профил, која е предводена од претставници на министерско ниво, со цел да се спречат прекршоци направени на штета на животната средина. Воспоставен е и „главен речен систем“ што ги задолжува раководителите на различни сектори да ја координираат заштитата на реките. Во текот на изминатите 10 години, Кина донесе и измени над 30 закони и регулативи што се однесуваат на заштитата на животната средина, додаде тој.
Животната средина пред профитот
Киан рече дека западниот пат кон модернизација не е вистинскиот избор за Кина, не само поради историските лекции научени од развиените западни земји туку и поради националните услови на земјата. Истакнувајќи дека модернизацијата е концепт обликуван од западните развиени нации, тој рече дека западниот модел го става профитот во преден план наместо животната средина.
Меѓутоа, Кина со население од над 1,4 милијарда успеа да го смени трендот на влошување на состојбата во животната средина. Киан вели дека западниот начин на развој на висока потрошувачка на енергија и загадување е непрактичен ако Кина сака да ја модернизира целата земја. Кинескиот пат го напушти западниот начин на развој на „прво загадување, а потоа лек“ и нуди нов пат на модернизација што правилно се справува со односите меѓу човештвото и природата и развојот и заштитата на животната средина.
Како што Кина тргнува на ново патување за изградба на модерна социјалистичка земја во сите погледи, таа ќе „придонесе со поголеми знаења, искуство, решенија и сила за изградбата на глобалната еколошка цивилизација и ќе внесе силен импулс во напорите за градење заедница со заедничка иднина и чист, убав свет“, смета Киан.