Кина не е само земја во светот што произведува најмногу мед туку води и во приходите по жител генерирани со еден од најстарите и најкористени засладувачи во природата. Според пресметките засновани на пазарното истражување на „Статиста“ и податоците за населението на Светската банка, кинеската индустрија за мед заработила 17 долари по жител во земјата во 2021 година. Две од другите места во првите осум на листата ги заземаат други азиски земји.
Како што покажува инфографикот, Индонезија и Виетнам се на шестото и на седмото место, со тоа што секоја остварила приход од 6,5 и од 6 долари по жител, соодветно. Тоа ја одразува важноста на азиските пазари за глобалното производство на мед. Во 2021 година речиси половина од светскиот мед потекнуваше од земјите од овој географски регион. Други важни пазари за мед се Канада, Македонија и Швајцарија.
Според вкупната пазарна вредност на засладувачите низ светот, медот имал удел од 28 отсто од вкупниот глобален приход од 145 милијарди долари. Додека вештачките засладувачи, како сахарин или стевија, придонесоа со 21,7 милијарда долари, шеќерот беше застапен со 82,3 милијарди долари.