Контролирањето на говорот на омраза на интернет фрла светлина на долгиот пат до пресоздавање на дигиталната сфера како глобална заедница, пишува Крис Ајхбергер за ЕЦФР
Слобода на говорот во приватизираниот дигитален свет
Две недели откако Русија ја започна специјалната воена операција во Украина, технолошката компанија „Мета“ донесе одлука да дозволи закани за насилство кон руските војници во објави на Фејсбук. Како дел од она што го наложи за привремена промена, на корисниците во 12 земји сега им е дозволено да објавуваат смртни закани и повици за поттикнување насилство врз Русите во контекст на конфликтот. Рускиот активен и претходен воен персонал, а веројатно и половина од руските граѓани сега се незаштитени од дискриминација, вознемирување и насилство на платформата. Барем една подгрупа од овие лица се секако самите жртви. Ваквата состојба очигледно ќе чека да биде разгледана од Фејсбук. Но тоа поставува опасен преседан.
Горливи прашања
Развојот на настаните фрла светлина врз две прашања што одамна требаше да се испитаат од страна на демократските лидери и националните и европските регулатори. Првото се однесува на посебните сличности помеѓу одлуките донесени од таквите компании и мотивациите на операциите за влијание поддржани од државата. Второто е ефективна приватизација на она што треба да претставува информација за сите граѓани и треба да биде надгледувано од одговорно раководство, кое ќе ги анализира сите аспекти, од етичките дилеми околу слободата на говорот до управувањето со меѓународните односи на државата.
Во однос на првото прашање, ќе биде непријатно за Фејсбук и другите да го признаат тоа, но ефектот од таквите одлуки со говор на омраза е повеќе од споредлив со влијанието што Русија го има со својата армија на интернет-тролови. На ист начин, дозволувањето насилен говор на омраза на Фејсбук сепак може да има ефект на поттикнување „русофобија или каков било вид дискриминација, вознемирување или насилство кон Русите“.
– Мој личен предизвик за 2018 година беше да ги поправам најважните проблеми со кои се соочува Фејсбук, без разлика дали тоа е одбрана од мешање на изборите од страна на националните држави, заштита на нашата заедница од злоупотреба и штета или да се осигурам дека луѓето ги контролираат нивните информации и се задоволни со тоа како се користат -изјави Марк Закерберг Пред четири години, тогашен извршен директор на „Фејсбук“.
Но зошто моќта да се избере дали да се заштитат или не луѓето од штета и злоупотреба треба да лежи во желбите на еден човек или на мал број луѓе?
Какви мерки треба да преземат одговорните лица?
Моќта што ја поседуваат таквите големи технолошки фирми за да го олеснат ширењето на говорот на омраза останува слабо регулирана. И, без оглед на нивните тврдења за спротивното, тие се мотивирани од потребата да ги задржат своите корисници постојано во интеракција со нивните платформи, што ја зголемува вредноста на нивните фирми. Онаму каде што некои земји презедоа чекори за регулирање во оваа сфера, се чини дека правилата сè уште се несоодветни. Пред неколку години, Германија воведе закон со кој фирмите како „Фејсбук“ може да добијат високи казни до 57 милиони долари. Овој напор беше делумно поттикнат од зголемувањето на говорот на омраза насочен кон доселениците од претежно муслиманските земји по одлуката на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, во 2015 година, да ги отвори границите за бегалците.
Бидејќи конфликтот ги принуди Европејците да ги променат своите стратегии во областа на енергијата, финансиите и одбраната, тие сега треба да се свртат и кон дигиталната сфера, каде што и онака веќе има многу меѓународен конфликт. Експертската јавност одамна дискутира што треба конечно да се преземе, но предолго Европската Унија и земјите-членки не успеаја да воспостават правила што се соодветни за дигиталната ера. Новите правила треба да ја препознаат големата моќ на говорот на интернет и да бараат транспарентност, конзистентност и одговорност од корпоративните одлуки. Потегот на „Мета“ треба да ги поттикне националните и европските политичари да ги зајакнат своите капацитети да ги водат, регулираат и развиваат технолошките оператори и да не им го препуштат тоа право на семоќните приватни носители на одлуки. За да се обезбеди пристапен, правичен и безбеден јавен ресурс, носителите на политички одлуки треба да преземат чекори сега за да се осигурат дека јавното добро наместо личниот интерес ќе стане водечки принцип. Во овој нов простор, одговорните лица ќе ги одмерат овие клучни прашања за приватноста и слободата на говорот, целосно земајќи ги предвид пошироките императиви.
Како што еволуираат новите облици на интернет, токму тие сега треба да преземат одговорност за водење и инвестирање во развивање нови протоколи за случувања како што е „метауниверзумот“. Ова би било во спротивност со непосредниот начин на кој на платформите како Фејсбук им беше дозволено да се јават на пазарот со премалку размислување за пошироките последици, вклучувајќи го и влијанието врз јавното мислење, па дури и изборите. Потребни се и соодветни јавни програми за дигитална писменост, за да им помогнат на луѓето да разберат како да ги критикуваат прашањата како што се одлуките околу говорот на омраза. Покрај ова, државите треба да преземат дополнителни програми за воена обука во сајбер-одбраната и да развијат тактики за да се спротивстават на операциите со влијание. Носителите на одлуки треба да преземат поактивна улога во развојот на постојната инфраструктура за поврзување и ширење на информациите, да ги зајакнат локалните технолошки иницијативи и да се посветат на европските инвестиции во технологијата.