Иницијативата „Појас и пат“ (БРИ) сѐ повеќе расте, за денес да вклучува над 3.000 проекти во 152 земји и региони. Иницијативата креира и динамизира квалитетни проекти во трансформирањето на економската конкурентност
на нејзините партнерски земји
Како иницијативата „Појас и пат“ (БРИ) им носи поврзаност и заеднички развој и просперитет на државите и на регионите што се вклучени
Голем број експерти на актуелен меѓународен форум во Куала Лумпур, Малезија, јасно заклучија дека кинеската иницијатива „Појас и пат“ (БРИ), која започна пред една деценија и продолжи да расте во обем и размер, носи подобра поврзаност за заеднички развој и просперитет.
Светската банка: Реалната добивка на приходите за земјите учеснички
на БРИ се движи од 1,2 до 3,4 отсто
Деновиве на отворањето на Меѓународниот форум за нова инклузивна Азија (IFNIA) во 2023 година, Онг Ти Кит, претседател на групацијата на иницијативата „Појас и пат“ за Азија-Пацифик, изнесе аргументирани ставови за цврстите достигнувања направени од иницијативата „Појас и пат“ (БРИ), во изминатата деценија.
– Откако беше предложен во 2013 година, БРИ порасна за да вклучи над 3.000 проекти во 152 земји и региони и ја менува играта во трансформирањето на економската конкурентност на нејзините партнерски земји. Најдобра потврда за тоа е студијата на Светската банка, која известува дека БРИ се очекува да ја зголеми реалната добивка на приходите од 1,2 до 3,4 отсто за земјите учеснички – рече Онг.
Тој рече дека транспортните проекти на БРИ може да го намалат времето на патување по економските коридори за 12 отсто, да ја зголемат трговијата меѓу 2,7 и 9,7 отсто и да извлечат 7,6 милиони луѓе од екстремна сиромаштија.
Лин Шигуанг, министер советник на кинеската амбасада во Малезија, во својот говор рече дека соработката со БРИ обезбедува кинески решенија за глобален просперитет, наведувајќи ги успешните железнички линии изградени во Лаос и Индонезија и тековната изградба на железничката врска на источниот брег во Малезија, кои ја подобрија поврзаноста и ја зајакнаа економската активност.
– Да ја унапредиме модернизацијата на сите земји, да изградиме отворен, инклузивен и меѓусебно поврзан свет за заеднички развој и заеднички да изградиме заедница со заедничка иднина за човештвото – рече тој.
БРИ и во функција на образовната и истражувачката соработка, климатските промени, зелената енергија, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, безбедноста на храната и здравствената заштита…
Во меѓувреме, извршниот декан на Факултетот за бизнис и право на универзитетот „Тејлор“ во Малезија, Чонг Сионг Чој, верува дека БРИ може да биде платформа за Кина и Малезија да остварат заеднички развој и да ја зајакнат образовната и истражувачката соработка во области како што се климатските промени, зелената енергија, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста, безбедноста на храната и здравствената заштита.
– Постојат огромни можности за партнерства и соработка меѓу малезиските и кинеските универзитети за заедничка корист на двете земји и на светот – рече тој.
Од своја страна, Мушахид Хусеин Сајед, сенатор и претседател на Одборот за одбрана на пакистанскиот сенат, во видеообраќање рече дека Кина денес е водечки експонент на глобализацијата, потпирајќи се на нејзината долга историја на трговија и мрежи што датираат од Патот на свилата.
– Глобалните напори за развој и ангажман на Кина преку БРИ во врска со нејзиниот невиден мирен подем ја издвоија како алтернативен развоен модел – рече тој.
Форумот обезбедува платформа за научници, истражувачи, експерти и креатори на политики од земјите учеснички во БРИ да ги споделат своите ставови, согледувања и перспективи за достигнувањата и предизвиците на БРИ и за патот напред.