Домување

Штицата за сечкање е еден од најкористените предмети во кујната. Меѓутоа, несоодветната грижа може да придонесе таа да стане сериозна закана за нашето здравје. За разлика од пластичните, кои можете да ги миете во машина за садови, дрвените кујнски штици бараат малку повеќе внимание.
При чистење на дрвените штици, како и сите други дрвени додатоци, се препорачува да се мијат со малку детергент за миење садови, да се исплакнат со топла вода, да се пребришат и да се остават да се исушат во исправена положба, за да можат да се „проветрат“ од сите страни.
Никогаш не ставајте ги во машина за миење садови, бидејќи силниот проток на топла вода во комбинација со хемикалии ќе ги направи подложни на пукање и виткање. Ако штицата има неколку поголеми вдлабнатини од нож, обидете се добро да ги исчистите.
Исто така, за да бидете сигурни дека успешно ќе ги отстраните сите бактерии, наместо да користите хемикалии, можете да ја исчистите дрвената штица со две состојки што ги имате во кујната: сол и лимон. Сѐ што треба да направите е да ја посипете штицата за сечкање со сол и да ја истриете со половина лимон. Оставете ја да отстои неколку минути, а потоа исплакнете ја со топла вода. За да ги отстраните непријатните мириси од штицата, во оваа смеса додадете сода бикарбона.