Домување
Понекогаш домот треба да се освежи, а еден од најдобрите начини е да земете боја и да ги обоите ѕидовите. Но уште поважно од тоа е добро да ги изберете боите што ги носите во ентериерот. Доколку сакате свежина и позитивни и весели вибрации, дефинитивно треба да ги вклучите овие бои.
Боја на ф’стаци: оваа суптилна, а сепак благородна боја му дава свежина на домот, без да изгледа претерано. Оваа боја е доминантна и носи среќа и позитивност во домот.
Пастелна портокалова: не само што поради оваа боја просторот изгледа поголемо и попространо туку изгледа и свежо и позитивно. Сепак, не треба да ја бојадисате целата куќа во оваа нијанса, еден ѕид ќе биде доволно. Експертите советуваат да не ги комбинирате темните бои со оваа нијанса, а најдобра комбинација е белата.
Светла нијанса на тиркизна: оваа боја е инспирирана од небото и е смирувачка за очите. Внесува свежина во куќата и симболизира среќа, слобода, мотивација и охрабрување. Со неа треба да обоите само неколку ѕида за целосен ефект.
Жолта: Иако е малку посилна боја, жолтата треба да ја има во секој ентериер. Речиси веднаш го исполнува домот со свежина и внесува позитивност, а поради тоа изгледа и елегантно. Исто така, жолтата боја го подобрува расположението.