Значењето на името Македонија треба да се бара само во македонскиот јазик и во никој друг. Но со оглед на тоа што светската наука не го смета македонскиот за засебен јазик, не го ни бара значењето во истиот. Особено не сакаат да го бараат во денешниот македонски јазик како словенски. Од тоа бегаат како ѓавол од крст, а логиката и етимологијата упатуваат токму на тоа. Еве зошто! Ако го разложиме името Македонија, ќе дојдеме до многу интересни и логични сознанија. Тоа можеме да го сториме на два начина:
1. М А К Е Д О Н И А = МАКЕДОН + ИА. Македон е родоначалникот по кого го носиме името. ИА на древномакедонски значи земја. Во овој случај значењето на името е ЗЕМЈАТА НА МАКЕДОН и го одразува машкиот принцип – патријархатот. Потврда има на каменот од Розета, каде што Македонците себеси се нарекувале „деца на Во“ (деца на водачот – создавачот).
2. Разложувањето може да се изврши и на поинаков начин: М А К Е Д О Н И А = МАКЕ + ДОН + ИА. МАКЕ – основа има во мајка, што е истоветно денес во сите словенски јазици, ДОН – дона, мадона, госпоѓа, жена и ИА – земја. Во овој случај значењето на името би било ЗЕМЈА НА ЖЕНАТА МАЈКА. Бидејќи не е обична жена, туку Божја, во овој случај Македонија би значело ЗЕМЈА НА БОЖЈАТА МАЈКА и го одразува женскиот принцип – матријархатот. Потврда имаме и на каменот од Розета, на кој е запишано дека Македонците (покрај деца на Во) се нарекувале и „децата на МО (Божјата мајка)”. Ако тие се деца на Божјата мајка, тогаш нема сомнение – нивна татковина е Македонија.
Постои уште една потврда дека Македонија значи земја на Божјата мајка. Можеме да ја најдеме на Гугл транслејт. Секој дома има компјутер и слободно може да внесе „светот на мајката“ на англиски, германски или кој било друг јазик (пр. World of mother) и да се побара превод на хинди-јазик, еден од најстарите во светот. Звучниот одговор од компјутерот ќе гласи „МАКЕДОНИЈА“. Ова е недвосмислен доказ дека древните народи оттука до Индија знаеле дека светот (постојбината) на Божјата мајка е Македонија. Затоа Македонија е земја на Божјата мајка.
Поради сѐ ова Божјата мајка е убедливо најпочитуваното божество во антиката. Не постои земја во светот каде што се откриени повеќе артефакти што го симболизираат ова божество, на толку мал простор како што е Македонија. Ја има буквално во секој јавен објект, секој храм, па и во секој дом. Притоа секогаш е на највидно место, буквално на пиедестал. Сѐ ова укажува дека Македонија е постојбина на Божјата (Големата) мајка, земја од каде што почнал да се шири нејзиниот култ на сите страни од светот. Повеќе автори го потврдуваат тоа. Гледано заедно Македонија значи ЗЕМЈА НА МАКЕДОН, но во исто време и ЗЕМЈА НА БОЖЈАТА МАЈКА.
Нема сомнение, Македонија е код што во себе го содржи и машкиот и женскиот принцип, односно ги инкорпорира и патријархатот и матријархатот. Тоа не е обично име, туку нешто повозвишено. Македонија е идеја, порака или криптограм што во себе инкорпорира и други нешта. Тука треба да се потсетиме на еден од најстарите митови за создавањето на светот, кај древните староседелци – Пелазгите на планината Олимп. Македонците се дел од Пелазгите. Тоа ни го потврдуваат повеќе автори, меѓу кои Херодот – таткото на историјата, а најдециден е Јустин во својата „Филипова историја“ (VII.1.), а Олимп е македонска планина. Потврда имаме и кај најголемиот антички географ – Страбон.
Според овој мит (од македонската планина Олимп) за создавањето на светот, прво беше таа (Големата мајка – земја), која го роди прво оној горниот – Уран (небото), а подоцна се спои (се вкрсти) со него. Резултат на тоа нивно вкрстување е буквално сѐ на планетава: планините, реките, морињата, растителниот и животинскиот свет и сите луѓе.
Сето ова не значи ништо друго туку дека името Македонија во себе ги има кодирано уште и следните нешта: најстариот мит за создавањето на светот, најстариот симбол на македонската земја – крстот и, секако, основниот симбол на христијанството. По сето ова сосема е јасно зошто Македонија е божја (света) земја, зошто Апостол Павле токму од Македонија почна да го шири христијанството во Европа, зошто прва христијанка е Македонката Лидија, а првите црковни општини во Европа се во македонските градови Филипи, Солун и Бер, зошто Апостол Павле во Посланието до солуњанците, Македонците ги нарекува избран народ. И, конечно, зошто Македонија и Македонците се спомнати дури 28 пати во Библијата – Новиот завет и уште десетина пати во Стариот завет.
Сето ова е потврда за криптограмот Македонија, кој во себе содржи скриени пораки. Тоа е и потврда дека древните Македонци биле писмен и цивилизиран народ, но и потврда дека значењето на тоа име е разбирливо само со помош на македонскиот јазик, и тоа овој денешниот – очигледно идентичен со оној на античките Македонци. Се разбира, со сите архаизми неопходни за една таква временска дистанца од неколку милениуми.
Сето ова погоре изложено светот многу добро го знае, затоа не се случајни двете познати латински изреки: „МАКЕДОНИЈА КАТАНА МУНДИ“ и „МАКЕДОНИЈА ПАПОКОТ НА СВЕТОТ“. Мене ми е позната една легенда од древните автори за двата орла пуштени од две страни на светот, кои се сретнале (се судриле) над планината Парнас (денес Кожув), што го покажува центарот на светот. Некои автори сметаат дека Парнас е нешто појужно (денес во Грција), но и тоа некогаш било дел од Македонија. Секако ова не е сѐ што се крие зад овие две изреки. Мислам дека македонската наука треба да им посвети поголемо внимание. Тука пред сѐ мислам на МАНУ и ИНИ. Ова е само една од причините поради која некој работи да исчезне Македонија, особено македонскиот јазик, кој во себе го содржи кодот што го дешифрира минатото.
Љубе Христовски (Дардан Венетски)