Иднината ѝ припаѓа на водата – „воден посткапитализам“, а „либералниот“ се заменува со „спекулативен“ и брутален. Садам Хусеин и Моамер Гадафи се ликвидирани поради огромните резерви на вода за пиење со кои располагаат Ирак и Либија. Не е чудо со нив во иднина „да заминат“ уште некои „диктатори“, за потребите на големите сили. Не, причината (водата) за нивното етикетирање како диктатори нема да ви ја кажат јавно! Дваесеттиот век беше најкрвавиот досега и се водеше под повикот „крв за нафта!“. Новиот милениум започна со лозунгот „крв за вода!“. Имаме ли ние воопшто нормирано во нашата национална концепција за одбрана и безбедност само еден единствен аспект за одбрана и чување на нашиот хидропотенцијал и водните ресурси, кои им ги продаваат на нашите недобронамерни соседи!?
Основа на животот се водата и воздухот. Возрасен човек е составен од 65 отсто вода, а бебињата од 75 отсто. Водата е Бог. Водата е пара, парата е војна, значи водата е војна. Дали Македонецот пие вода? Не се шегуваме. Пред 10-15 години, според СЗО, 80 отсто од слатководните капацитети беа загадени. Лепенец, кој некогаш беше со кристално чиста вода, полн со риболовци, сега е полн со отпад. Исто и Црна Река. Во Вардар (легендата Аксиос), Треска и речиси сите наши реки се влеваат канализација и отпадни води полни со хемикалии од мали и големи индустриски постројки. Низ овие реки гледате разни пловни објекти. Одамна велевме дека Вардар ќе биде пловен, само… ова не се чамци и бродови, туку пластични шишиња, хартии, мрша и разен отпад. Често на дното може да се најдат изумрени животни, фрижидери, шпорети, автомобилски и тракторски гуми и што уште не. Колку само смешно звучеше градењето плажи на Вардар, со табли на кои е испишана опомената: „Забрането капење“. На кожата може да ви изникне сешто, а не е чудо ако почнете да се распаѓате. Во Велес, Вардар смрди на фекалии. Брегалница, каде што се крстени раните христијани, сега е речиси пресушена. Десетици села се без вода – оти не допреле Бог или мафија.
Македонија пустинизира. Охридско Езеро е „џихадизмо“ – Струга (со градоначалник на црна листа), вклучително со Дрим, а од друга страна е Албанија. Преспанско и Дојранско Езеро со време ќе пресушат. Таму оди и Охридско Езеро. Нивото на водата често е под нормалата. Уште ако водите им ги даваме на Грците (како што „патриотите“ им даваат историја и пари) – може сосема да останеме без вода. До изворот Рашче тече неконтролирано канализација, чија заразена вода во секој момент може да јурне во изворот (според ТВ Алфа). Охридско Езеро е колектор на канализации и индустриски води. Во реките е опасно човек да се капе или да лови риба. Уште е поопасно некој да се храни со таа риба. Се направија ли колектори и прочистувачи за канализацијата таму? Што е со септичките јами во близината на езерото? Тие сѐ уште постојат во крајбрежните села, залепени близу брегот, без никакви прочистувачи. Пред 30 год. велевме дека не е добро канализацијата да оди во езерото, а тие ни се смееја. Замислете, ни велеа кога канализацијата влегува, по 30 метри е чиста!? Поголем идиотизам нема да чуете. Каде се раковите, школките и полжавите? – Отруени се! А децата? Уникум! Тежок неморал е што се разорени и испокрадени детските ле(т)кувалишта во Охрид и Преспа (Отешево) – тобоже хотели ќе градат.
Империја „Клептостан“. Големите фирми за вода („Аквафина“, „Нестле вотерс“, „Дасани“, „Тинџи“, „Данон“, „Евиан“) се мафијашки организиран криминал (податоци од меѓународни фактори). „Калашникарење“ за вода имаше и кај нас (Кокино). Во Србија и Босна, земја и вода заземаат мигранти Арапи, Пакистанци, џихадисти, црвени фашисти, гладио, вахабити и сл. А ние? Бидејќи ние ги обожуваме Хамас и Хезболах – ај да си ги примиме кај нас љубените ни да нѐ бактеризираат. „Глобал вотер секјурити“ (Разузнавачка заедница на САД) сателитски и со АИ ги мониторира водите – ниво, загаденост, тероризам, одлив, загуба итн. Во Израел резервоарите за пивка вода ги чуваат тенкови, антиракетни системи, дронови и сателити. Југославија беше слична. Армиите ја чуваат водата. Вклучени се и разузнавачки служби. Ние имаме ли такви дејствија?
Идните војни ќе бидат за вода. Војните за Ерусалим биле за вода. Мојсие е барање вода. Историски борби имало за изворите на реката Јордан, а предисториски – за езерото Ван во „рајот Еден“, па со појава на цивилизациите војните се „спуштаат“ низ Тигар и Еуфрат, а се „качуваат“ низ Нил. Низ долината на Инд, инвазија извршиле Ариевците, а многу подоцна и Александар. Хималаја-Тибет-Средна Азија, чии глечери исчезнуваат, се извори на Инд, Ганг, Аму Дариа, Брамапутра, Сутлеџ, Јхелум, Ченаб, Рави, Беас, Јамуна, Кали, Карнали, Гандак, Багмакти, Кеси, потоа Меконг, Јангце, Хоанхо, Амур (Кенти Планина), Сонгуа, Хаихе, Хуаихе и Бисерната Река, кои се дренираат од Хималаја-Тибет и се база за идни конфликти. Пиењето „од чешма“ како кај нас е реткост. Сериозен дефицит имаат Париз, Барселона, Берлин, Пекинг, Дубаи, Каиро, Техеран, Блискиот Исток, Јужна Азија… Америка и Алјаска дехидрираат. Џингис-хан ги „интегрирал“ источните (Кина), јужните (Индокина, Индија, Персија, Европа) и северните (Русија) води, што е во потсвеста на сите модерни геостратешки мислители и служби. И сега постои теорија дека во заднина на војната со Хамас е всушност вода – големи количества подземна вода, покрај гасот што постои во Средоземно Море. Исто, борба за подземните води е поттикната во Сирија, Јемен, Јордан (бегалци), Либија (Мурзук Џадо подземен гигант) и Саудиска Арабија, а голема опасност се миграции на Балканот. Некои вселенски снимки од НАСА, но и одредени други истражувања од други научни институции на самата земјина површина, потврдуваат вода под Сахара. Огромни количeства древна вода лежат под пустината Сахара, првенствено во Нубискиот систем на песочници (НСП). Оваа „фосилна вода“ е реликт од повлажниот период од минатото на Сахара, пред милиони години. НСП е еден од најголемите познати подземни водоносни слоеви во светот, кој содржи околу 150.000 кубни километри вода. Покрај НСП, под Сахара постојат и други помали водоносни слоеви и ресурси на подземни води, вклучувајќи ги северозападната сахарска водоносна зона и водоносната зона на сливот на езерото Чад. Некои најнови научни докази укажуваат на присуство на древни, сега закопани речни системи под Сахара, како што е реката Тамен Расет, која била поголема од Нил. Што мислите, што ќе се случува во тој дел од светот наскоро? Иран е во голем дефицит на вода што може да поттикне миграции и нови војни. Во Северна Америка подземните води (Огалала) безмилосно се пумпаат. Некои градови тонат поради испумпувања (Шангај, Пекинг, Мексико, Џакарта), а други тонат поради нивото на океаните. Волга, Днепар, Днестар, Дон, Амур, а сега северниот дел и Сибир се најголем резервоар на вода со аспиранти – од Азија, Америка и Европа. А Украина? Конфликтот на Шар Планина е всушност борба за доминација на терен и уште повеќе на водите. Христијанството се појавило од вода (Галилеја, крстење во Јордан, исцелување) и се проширило „по вода“, а Исус велел дека животот е вода, а водата ја претворал во вино. Кнезот Владимир ја создал најголемата христијанска империја заради неповратноста преку крстење и вода. Истото тоа (христијанството) ќе се изгуби ако ја изгубиме водата.
До 50 отсто од луѓето на земјата ќе бидат вододефицитни до 2025 г., а 75 отсто до 2050 г. – според мислителите Ричард Даманиа (Светска банка) и Џеј Фамиљети (НАСА). Подземните води се „како крст“ низ Африка (вертикално) и Евроазија (хоризонтално) и се црпат немилосрдно. Тоа ќе го намали БДП два-три пати и ќе ја зголемува инфлацијата.
Кој ги чува изворите на пивка вода во Македонија – Рашче, Вруток и Липково? Во време на титоизмот ги чуваше ЈНА. А денес? Рашче долго време го чуваа специјални сили за безбедност. Го чува ли сега некој главниот и најголем извор на вода за Скопје? Извор за вода на најголемиот, најнаселен и главен град на Македонија! Воден дефицит – значи смален суверенитет! Џихадистичките формации се добро организирани и примаат финансиска поддршка од Саудиска Арабија, Иран и од мафијата (наша), која е светска сила, држејќи ги кокаинот и една третина од хероинот (според ФБИ) што се мери со трилиони долари. За изборите ќе јурнат огромни „црни фондови“ (за нови избори и нов устав). И Бугарите жеднеат – 57 села се без вода. Џихадистите се добро програмирани за преживување, додека ние сме илузија, идеоконструкција и исчезнување. Европа е со огромен „воден стрес“ – најмногу Кипар, Малта и Португалија, а 34-40 отсто од територијата е дефицитна. Цел свет ќе биде Мариово.
Само комплексна и системска контрола – држава, устав, законодавство, МВР, санитет, медицина, армија, безбедносни служби – спречува организиран криминал (проф. Лабовиќ). Треба да се донесе нов закон за водите. Но чија ќе биде сопственоста („post-abundance era“)? Прашање е – по изборите во Македонија, дали изворите на вода ќе ги држи државата, формацијата на Ахмети, Гаши или Курти? Земањето на водата, етнополитиката, крадењето на буџетот, нехигиената, затнатите канали, излевањето на канализациите, ѓубриштето по улиците и пред зградите, потоа палењето ѓубре каде што не е дозволено (полицијата не им може ништо) – ја дозагадуваат водата, а и воздухот. Тоа е основа за тешки инфективни и кардиоваскуларни-хипоксични болести. Едно време Охрид и Битола беа ендемски подрачја за маларија, хепатит, тифус, паратифус, шигелози, ешерихии и колера поради нехигиенско третирање на водите. Охрид и оваа година има алиментарни инфекции (ешерихии, салмонели) како што велеше д-р Каваева пред 70 години. А Клиничкиот центар – Скопје е „депоно-мочурно“. Психата ни е клептос и копрос. Ние сме копроетични. Затоа „патриотите“ летаат во Грција и им оставаат скоро две милијарди евра на Грците, кои „нѐ сакаат“ како змија глувци. Ама „патриотите“ не можат да живеат без грчко море – Грција, па Грција, па Грција. Ако ја снема Грција, две третини од „патриотска Македонија“ ќе се самоубие!
Корупцијата е посебна приказна. Мафија – фармако, медико, онко, агро, хидро, правосудна, партии, нарко, етно… сѐ. Антикорупциската комисиска афера си трае – како турска серија. Довербата е дупнат балон. Секој систем имплицира сила (војска, финансии, енергија, ресурси). Иднината ѝ припаѓа на водата – „воден посткапитализам“, а „либералниот“ се заменува со „спекулативен“ и брутален. Садам Хусеин и Моамер Гадафи се ликвидирани поради огромните резерви на вода за пиење со кои располагаат Ирак и Либија. Не е чудо со нив во иднина „да заминат“ уште некои „диктатори“, за потребите на големите сили. Не, причината (водата) за нивното етикетирање како диктатори нема да ви ја кажат јавно! Дваесеттиот век беше најкрвавиот досега и се водеше под повикот „крв за нафта!“. Новиот милениум започна со лозунгот „крв за вода!“. Имаме ли ние воопшто нормирано во нашата национална концепција за одбрана и безбедност (која воопшто ја немаме) само еден единствен аспект за одбрана и чување на нашиот хидропотенцијал и водните ресурси, кои им ги продаваат на нашите недобронамерни соседи!?
Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио
(коавтори на колумната се проф. Иван Бабановски и Мартин Димковски Бабагинин)