Светот е сцена
Меѓународната награда за високоградба 2022/2023 номинира 34 извонредни проекти од 13 различни земји да се натпреваруваат за годинешното издание. Избрани од Германскиот музеј за архитектура, зградите што влегоа во потесниот круг беа избрани од повеќе од 1.000 нови висококатници во светот што се изградени во последните две години. Како и во претходните години, забележан беше значителен пад на завршените висококатници.
Со жирито, составено од меѓународни експерти, за годинешната награда за високоградба претседаваше архитектот Свен Торисен и вклучуваше архитекти, инженери, архитектонски критичари и претставници на Декабанк, градот Франкфурт и Германскиот музеј за архитектура. Наесен ќе бидат објавени пет финалисти во втората фаза од процесот, а победникот ќе биде објавен на 8 ноември 2022 година.
Меѓународната награда за високоградба се доделува за висококатници што се комбинација на одржливост, надворешен дизајн и внатрешна употреба на просторот и целосно ги зема предвид социјалните аспекти и аспектите поврзани со урбаното планирање за да се создаде примерен дизајн. Девет од кулите се наоѓаат во Кина, а седум во други делови на Азија. Осум номинирани проекти се во САД, а четири се во Европа.
Меѓу 34-те избрани проекти на листата се најдоа кулата Стајнвеј во Њујорк, зградата Алтаир во Коломбо, Шри Ланка, кулата Бунданг Досан во Сеул, Јужна Кореја, Колинс арх во Мелбурн, Австралија, зградата на технолошката компанија ДЈИ во Шенџен, Кина, кулата на големата џамија во Алжир, музејот-кула Кајабаши во Токио, Јапонија, и други.