Фото: Пиксабеј

Домување

Потопете каранфилче во лимон, намачкајте ја кожата со масло од лаванда, опкружете се со рузмарин… Ова се само дел од многуте совети што кружат на интернет и кои треба да ви помогнат да ги одвратите комарците од вашиот дом. Меѓутоа многу такви трикови даваат помалку или повеќе задоволителни резултати. Можеби сте слушнале дека кафето може да се користи како природен лек против инсекти и како алтернатива на комерцијалните инсектициди оптоварени со хемикалии. Сепак, сигурно сте се запрашале дали вреди да потрошите толку кафе, не знаејќи дали трикот ќе успее. Сега го имаме одговорот!
Иако не постојат познати студии што ја потврдуваат ефикасноста на талогот од кафе во одвраќањето на комарците, се чини дека има одредени придобивки во нивното контролирање. Имено, неколку студии го покажале инсектицидното дејство на кафето врз возрасните комарци и нивните јајца.
Податоците од студијата, достапни преку Националната медицинска библиотека на САД, покажаа дека женските комарци ќе ги снесат своите јајца девет од десет пати во чиста вода, за разлика од водата што содржи висококонцентриран екстракт од кафе. Друг експеримент спроведен во Нов Зеланд покажа дека искористениот талог од кафе всушност може да убие ларви од комарци во стоечка вода. Во експериментот истражувачите додадоа различни количества на искористен талог од кафе во водата со ларвите за да го проценат инсектицидното дејство на различни концентрации. Резултатите покажале дека повеќе ларви умреле во вода што содржи искористено талог од кафе отколку во чиста вода, без оглед на концентрацијата на кафето. Со текот на времето, водата со најмногу талог од кафе станала смртоносна за ларвите, додека растворите со помали дози предизвикувале помала смртност.