Фото: Пиксабеј

Животни

Едно од 12 кучиња во Велика Британија страда од кошмарот на секој сопственик – дијареја, според нова истражувачка студија. Студијата откри дека малтешката раса, минијатурната пудлица, кавапуто, кокапуто, германскиот овчар и јоркширскиот териер најмногу се изложени на ризик од дијареја. Студијата за фреквенцијата на дијареа кај одредени раси на кучиња ја споменува генетиката како еден од честите елементи за веројатноста за овој здравствен проблем. Ова значи дека има нешто во гените на овие шест раси што ги прави посклони кон дијареа од другите.

Во голема популација од околу 2,25 милиони кучиња, авторот на студијата Ден О’Нил од Кралскиот ветеринарен колеџ во Велика Британија и неговите колеги откриле дека има две раси најмалку изложени на проблемот – џек расел териер и чивава. Истражувачите забележуваат дека појавата или отсуството на дијареја може да биде под влијание на исхраната и активноста на различните раси. Студијата е спроведена со користење податоци од ветеринари низ целата земја, но познато е дека многу сопственици не ги носат кучињата што развиваат дијареја на преглед.
Дијарејата е најчеста кај кучиња помлади од три години или постари од девет години, според студијата. Младите кучиња, кои често јадат ѓубре и нејадливи предмети, исто така, имаат проблеми со варењето, додека кај постарите кучиња дијарејата се појавува како еден од проблемите во староста. Повеќе од 80 проценти од кучињата што страдаат од дијареја закрепнуваат по една посета на ветеринар, велат истражувачите, потврдувајќи го правилото дека состојбата е краткотрајна. Дијарејата кај кучињата е едно од заболувањата од кои се плаши секој сопственик: една студија покажува дека случаите на дијареа се многу чести кај кучињата, но сопствениците не треба да паничат.
– Без оглед на тоа колку е сериозна дијарејата, повеќето кучиња закрепнуваат во рок од неколку дена – се тврди во студијата.