QUO VADIS ОБРАЗОВАНИЕ

  • Министерката за образование ја познавам лично и имам многу позитивно мнение и очекувања. Сама со ламњи (етнозмии, наркоајкули, опозициопирани) не може да решава. Можеби треба да создаде екипа (по нејзин избор) за решавање барем на тестирањето. Потребно е: 1) Да се воведат математичка гимназија и основно училиште (пример – Белград). 2) Талентираните деца да се издвојат и во посебни групи и класови, во проекти со факултети. 3) AI да се учи од прво одделение. 4) Учење AI-јазици, AGI, квантум компјутинг, креации и апликации. 5) Со странски проекти и универзитети. 6) Да се создаде посебен институт во МАНУ и универзитетите
  • Целата енергија од партиски „перверзии“ и етномизерии да се префрли на наука и култура. Од детство до највозрасни. Губиме време и заостануваме. Тестовите да ги вежбаме до најтешко ниво, со постојана супервизија и асистенција и брзо ќе има резултати. Само напредок и респект ќе ги задржат нашите деца овде

Црна се чума зададе – пад на образованието и културата во Македонија. Кога се формираше Израел, премиерот Бен Гурион рече: „Да имаш држава значи – одбрана, образование и храна“. Ние во одбраната трокираме. Во исхраната (земјоделство) – заглавени сме во „мафијашка диктатура“ – налагаат потекло и цена (патлиџан од Албанија, жито од Србија и Украина, грав од Азербејџан). Чудо идиотско. Тек сега младиот министер има програма за излегување од овој нутримафиизам. Образованието е четврта дегенерација. Зошто? Конзерва-мозок. Дали е виновен системот, родителите, транзицијата, вредностите, меѓународните критериуми или нешто друго? Од сѐ по малку. Децата не знаат кој е Шолохов, Бродски, Шекспир, Томас Ман, Хајне, или Вивалди, Вагнер или Дирер, Рафаело, Исихазам, Јован Богослов, Борис Сарафов или Павел Шатев. Маркс е забранет, а Кант и Хегел – ај бегај! Кои се нобеловци оваа година? – Тапа! Тестирањето одonal Mathematics and Science Study) за Македонија даде слаби резултати. Прво, луѓе прашуваа која е таа организација и дали е доволно сериозна. Побарав низ интернет и мојот впечаток е дека е доста сериозна. Второ прашање е зошто порано нашите граѓани покажуваа многу поголемо знаење во однос на западните земји, а сега тоа е ниско. Делумен одговор е дека по падот на комунизмот, западните содржини и критериуми се наметнаа врз источните (тоа го знам од медицината), демек западната медицина и наука се подобри од нашите – заради авансираните технологии. Имаше и системски вметнувања – капитализам, начин на живеење, динамика, вредности. Родителите се зафатени со бизнис и брзи профити. Не знаат што прават децата. Исто и наставниците, кои се искрено послаби од некогашните, а и помалку мотивирани. Паѓање на вредностите значи поважни се профитот и „мангуплакот“, а некакво општо знаење или култура дури и „пречат“. Улица-мобилен. Преучениот е „прост“.
Министерството за култура доскоро финансираше поезија за „рекичката во Тетово“ или „пеперутките на Шара“, а сериозни текстови (антифашизам, логори на пр.) – се „невоспитни“. Финансирањето на науката е нула. Министерката за образование ја познавам лично и имам многу позитивно мнение и очекувања. Сама со ламњи (етнозмии, наркоајкули, опозициопирани) не може да решава. Можеби треба да создаде екипа (по нејзин избор) за решавање барем на тестирањето. Треба да се создадат и инструктори за вежбање (континуирано) токму за овие тестови. Додека се занимаваме со етнофурија децата ни ретардираат. Западот е суров и ако не си подобар од нив, те сметаат за субхуман. Парадоксално, го љубат џихадизмот, а знаењето ти го плукаат. Ти даваат тест по нивен мозок и ако си слаб – ти си животно, бабун. Мајка ми велеше „мора да си трипати подобар од нив за да те ценат“. Ова го имаше утврдено од католичко-еврејската гимназија во Битола и докторат во Сорбона, каде што постојано ги бомбардираа со прашања. Татко ми во еврејска јешива, секоја недела имал тест. Од гимназија најдобрите добиваа Кралска стипендија и учеа во Белград. Незнаењето се сметаше за огромна трагедија – полошо и од болест. А сега? – Што поќутук тоа „поалтан“ – демек бизнисмен и мафијаш си. Мафија и етно – срце си! А системот – ни да писне! Сега сме академија на етноидиотизам и наркобуљушарница.

Академикот генерал Михајло Апостолски, пријател со моите родители, доаѓаше дома кај нас. Еднаш прозборе околу образованието и рече дека во 1945 година направиле општ попис во Македонија и 95 отсто од луѓето биле неписмени, а само 75 души биле со факултет. Затоа прво создале „вечерни школи“ за описменување. Некогаш примениле присила, бидејќи луѓето давале отпор кон учењето. Демек учењето е „неработење и денгубење“. На факултетите се носеле професори од Србија и од Хрватска „по казна“ оти биле „буржоазија“, и информбираши. Така во Скопје се собраа врвни професори и интелектуалци, а универзитетот беше прв во Југославија. Сега УКИМ испадна од Шангајската листа и е послаб од Штипскиот. Коњот стана магаре. Универзитетската библиотека и Владата се фекалистични (Канал 5). Ама не ги боли влакно! Класичната гимназија беше слична на католичката во Скопје и Битола, а програмата беше „позајмена“ од францускиот и германскиот систем – посилна од американската. Во Америка постојат јавни и приватни школи. Јавните школи се најчесто на катастрофално ниво. Приватните се на високо ниво. Често таму предаваат универзитетски професори, дури и нобеловци. Но плаќањето е ужасно. Во „мое време“ (пред 60 години) цената беше десет илјади долари годишно. Значи за две деца за 8-10 години тоа се двесте илјади долари тогашни. Сега е многу повеќе. „Когнизаре = доларе“. Друг проблем кај нас е македонскиот јазик. Мојот македонски беше подобар во прво одделение отколку сега. Кога појдов во училиште речиси не знаев македонски (дома зборувавме старошпански). Мојата учителка Љубица Левкова беше како „божица“ за мене. Специјално работеше со мене и јас станав најдобар по македонски. Тоа траеше сѐ до факултет, каде што имаше дојдено студенти од секаде, плус од Србија, Хрватска, Косово, Грција и арапските земји „турлитава од дијалекти“, кои мене ми се измешаа во главата. Сега сум „специјален дијалект“. Имаше многу добро ромско училиште, а Албанците учеа со нас. Сега Ромите се во жалосна состојба и образованието им е на азијатско ниво. Албанците создадоа посебни паралелки, па и училишта. Тие се на „пристојно“ ниво, но нашите не се интересираат за нивните програми, а тие не се интересираат за нашите и создадена е дивергенција – две иднини. Американското училиште „Нова“ е одлично. Не знам како поминале тие на наведените тестови.
Во однос на културата сме паднати на „субафро“. Инвалиди. Некогаш имавме сликари што беа познати во Европа и Америка, а слично и скулптори. Нигде ги нема. Друштвото на писатели се распадна. Потоа се реинтегрира и е сурдомудично. Писатели од калибар пред 40-50 години, чао! Филозофскиот факултет се клати. Историчари имаме одлични (според документарци на ТВ), но се во трагичната „љубов“ кон бугаризмот и бали-џихадизмот. Историјата стана магла со антимозочни честички. Без историја сме „сирачиња“ – држава чао! Европа обожава имбецилчиња. Олигофрен џихадизам е пеницилин за Европа. Треба храброст да се напише една мултиавторска историја на Македонија, како што имаше во комунистичкото време. Треба задолжително да се издаде и Енциклопедијата на Македонија (со дополненија за македонските Албанци и други), и тоа во голем тираж. Времето нѐ гази. МАНУ е во летаргија, „успиена баба“. Неколку ентузијасти ѝ дишат. Порано таа зрачеше и беше како возвишена наддржава.

Албанци и други етникуми има, но може да има уште. Втора академија (етничка – албанска) е „убава селанка без мозок“, смешно, жалосно, понижувачки, ретардирано и анихилаторно за поимот „академија на науки и уметности“. Во светот постојат и „латерални академии“ (на пр. New York Academy of Sciences) или стручни (Academie de Medicine), но нивното значение е далеку од националната академија. Неколку збора и за артефициелната интелигенција (AI). Постои зголемување за 64 отсто на примената во светот само за 2024 година, а за следната ќе биде над 100 отсто. Наскоро армијата, медицината, економијата, организацијата, индустријата, земјоделството, политиката, разузнавањето, комуникациите, транспортот, графиката, школството, културата и домаќинствата целосно ќе бидат зависни од AI. Ќе има селани со AI-возила, а не со лопати и магариња. Потребно е: 1) Да се воведат математичка гимназија и основно училиште (пример – Белград). 2) Талентираните деца да се издвојат и во посебни групи и класови, во проекти со факултети. 3) AI да се учи од прво одделение. 4) Учење AI-јазици, AGI, квантум компјутинг, креации, и апликации. 5) Со странски проекти и универзитети. 6) Да се создаде посебен институт во МАНУ и универзитетите.
НАПОМЕНА: Има Македонци на напредно ниво на Харвард, Стенфорд, Колумбија, Аризона, Рочестер, Ст. Моника, НАСА, Пентагон, Блекрок, Хајделберг, Сорбона итн. Да ги ангажираме да бидат професори и кај нас. Исто и бизнисмени. Да ги мотивираме како во Израел, да бидеме едно. Претседателот Трамп и Илон Маск ќе воведат шеста генерација на возила, авиони и сателити, армиски средства (летала, подморници, ракети, сензори, радари, бродови, ескадрили, swarms), потполна AI, медицина и секојдневни (нелинеарни промени) плус биткоини и хеџ-фондови (финансиски капитализам), банки (федерал ризрв), е-земјоделство, тотално нови оружја, концерти, креативност, уметност, филм, графики, влади, односи на луѓе и нов компјутерски живот. Рос, Мајнард, Шваб, Касиа, Филбек воведуваат четврта генерација на индустриска револуција во 21 век (4iG), што вклучува сосема нови технологии – AI, AGI (artificial generative intelligence), генетски едитинг, напредна роботика, IoT, cloud computing, cognitive computing, самоконтролирање, висок степен на комуницирање, метаверзија, стратешка интелигенција, 3D-printing, смарт сензори (за смарт фарми, фабрики, армии), економии (брзи промени, трансакции и профити, креации, предвидувања), политика (креација, прогнози, промени, анализа). Подготвени се и петта (процесот повеќе резилентен, хуманоцентричен – кастомизиран, значи 4iG e „без човек“, а 5iG е со човек – децентрализација, човечка контрола) и шеста индустриска револуција (6iG) – квантум компјутинг, тополошки компјутери и материјали, телепортација, самонапредување и самоподобрување (сети се на филмовите „Терминатор“). Тоа изискува одлични тестови.
Целата енергија од партиски „перверзии“ и етномизерии да се префрли на наука и култура. Од детство до највозрасни. Губиме време и заостануваме. Тестовите да ги вежбаме до најтешко ниво, со постојана супервизија и асистенција и брзо ќе има резултати. Само напредок и респект ќе ги задржат нашите деца овде. Немој да станеме држава – азиско-џихадистичка колонија или психо-етно-нарко ретардиран санаториум.

Професор д-р Самуел Садикарио