Оружја на иднината – трката продолжува

  • Во оружјата се кријат карактерот на ѓаволот и умот на генијалноста. Бог да чува, од каде таков афинитет? Обратноста е чудо. Бог ги сака обратните. Без илузии – ова што се случува сега е светска војна – дрска, подмолна, грабачка, гризе, ровари, од Втората светска војна до денес. Нуклеарната апокалипса ја кочат ноторниот страв и ужас. Стравот значи нови оружја. А кој победува? – Интересот, парите, грабежот, мафијата…
  • Трката продолжува. Разумот е обратнопропорционален од силата. Иднина? – Ќе бидеме друго

Војната е последното што го посакувам. Таа ни ги уништи минатото, имотите, блиските, идентитетот и касметот. Децата ни се род од огин, а не од мајките. Но војната тука е, неизбежна, супстанција на денот, интересот, воздухот и смислата или бесмислата на апсурдноста, која ни се вовлекува во суштината. Во ЈНА при воената служба бев со сигурност последен во кондиционирањето, исполнувањето и гаѓањето (но не и медицината). Имав сопствени идеи за праведност, систем, вредност и примена на т.н. комунизам во кој тогаш верував. Уживав да ги нервирам старешините, но тие ме ценеа, бидејќи им реков „јас сум слаб пешадинец, но јас никогаш нема да ја предадам оваа земја, а вашите кокетари веднаш ќе преминат на друга страна“. И тоа се случи при фамозната „транзиција“, приватизација, мафизација и морал-мизерација. Веднаш. Зошто човек се бори за сервилност? (Делез). ЗАПОМНЕТЕ – Истокот е превртливост, а Западот е хипокризија. Вечни се – Запад против Исток и Исток против Запад. За чудо, во едно бев прв со најдобри тестови – оружја и воена тактика. Во оружјата се кријат карактерот на ѓаволот и умот на генијалноста. Бог да чува, од каде таков афинитет? Обратноста е чудо. Бог ги сака обратните. Без илузии – ова што се случува сега е светска војна – дрска, подмолна, грабачка, гризе, ровари, од Втората светска војна до денес. Нуклеарната апокалипса ја кочат ноторниот страв и ужас. Стравот значи нови оружја. А кој победува? – Интересот, парите, мафијата и грабежот.
Пред некој ден светот го шокира претседателот Путин со „новата ракета ’орешник‘“. Иако сум противник на општата путинистичка политика, поради постреволуционерен грабежен капитализам (многу пријатели ми префрлуваат за тоа) – за овој потег му честитам. Интелигентно избегна атомско оружје, ја смири топката и им кажа на нашите сојузници дека силата има повеќе лица. Секако, други имаат исто оружје или антидот (електромагнетни оружја), но мирот е вистинскиот ум. Мирот е оружје на филозофите. А доаѓа и руската зима! И постојат и климатски оружја (знаете). Тесла имал направа за земјотреси. Тектонски оружја постојат (индукција на земјотреси, вулкани, цунами) – во „латентна фаза“. Во жаргонот постојат офанзивно и дефанзивно оружје. Мислам дека секое оружје е офанзивно (одбрана е напад). Во целите и Западот и Истокот се исти. Има и превентивен напад (preemptive war). Ако сојузниците први го нападнеа Хитлер, ќе немаше хитлеризам. Трошоците за армијата во 2023 г. (извештаи) се близу трилион долари за САД, по 700 – 800 милијарди за Британија и за Индија, а остатокот (1,5 трилион) сите други.

Ова е помалку отколку што би се очекувало, значи може да се очекуваат пролиферација и нови војни. Империјалните финансиери може да се „дезинтегрирачи“ („раздели и владеј“, Рокфелер, Бжежински, Буш, Сорош – за СССР, Југославија, Украина, Пакистан, Хазарија), или „интегрирачи“ (интегрирај и владеј, Рочилд, Федс, Кисинџер – за Кина, Индија, Западен Балкан). Индиректни трошоци се медицина, фармација, учење, разузнавање, медиуми, телекомуникации, осигурувања итн. „Црните фондови“ се огромни. Проблем се и консумациите на метали, горива и експлозиви, кои се ограничени во природата и т.н. Хјубертова крива е ноќна мора за консумерите. Природата ја таманат, бричат. Материјали за оружја се: магнезиум, титаниум, рениум, молибден, тунгстен, ураниум, литиум, алуминиум, бакар, железо, тантал, керамици, композити, фулерени, семикондуктори, суперкондуктори и тополошки материјали. Класичните експлозиви сѐ уште се нитрогени деривати. Така и неолитците правеле барут од ѓубре на птици. Нобеловецот Е. Ферми велел дека и воздушниот азот може „да се запали“ од термонуклеарна бомба. Т.н. МОАБ (mother of all bombs – мајка на сите бомби) користи ТНТ со алуминиумски прашок. Слични експлозиви се прават со нанотехнологии.
Има елити про и контра војна. Тие игри се „можен фактор“ за атентаторските обиди врз претседателот Трамп, па и Кенеди. Значи, армијата е моќ и финансиски тек. Мирот е зголемена безработица, смалени иновации, стагнација и стагфлација. Парите се најголем „експлозив“. Така Блекрок купи речиси половина од Украина, а Србија и Европа се арабизираат. Што ќе биде? Етиката е „меншевик“. Дали е пострашно да гинат многу луѓе или да има економски колапси? Империјализмот се бори со републиканизмот и победата е наизменична. Европа е губитник и отпад на моќната „ИГ Фарбен“ од која ЕУ е создадена (Пол Тејлор).
Професорот Павле Савиќ, кој им беше пријател на моите родители, кажуваше дека уште во педесеттите години (пред 75 години) постоела мала атомска бомба обложена со кобалт, кој се претворал во радиоактивна прашина и при експлозија ја обложува планетата и може да го уништи животот. Тој размислуваше и за нови фисилни материјали („полесни“), кои би ги наредил како во касетни бомби, па би имал „дожд“ од атомски бомби. А што постои сега? Антиматериска бомба што може да уништи континент е теоретски можна, но би чинела трилиони долари (Маккеон М). Новите оружја главно се екстензија на старите, а поретко се нова креација. Целта е постигнување кинетичка сила, леталност, прецизност, автономија, брзина, доминација, изненадување (ентропија), информација, инвазивност (пешадија, оклопни), психолошки ефект, селективност, интелигентност и заштитност. Пешадијата (вечен фактор за победа) форсира автоматичност, дострел, ноќни и задбариерни операции и прецизност – оптички инструменти, дигитални, снајпери за над три километри, ЛМР (light modular rifles), нов „миниган“ (титаниум, над 6.000 вртежи во минута), нови експлозиви итн.

Антитероризмот е технологија за една девијантна идеологија да се замени со друга. Аксиом: за да постои антитероризам, прво се креира тероризам. Револуција се креира за да дојде до антиреволуција. Оружјето победува (Џек Уатлинг), но хипософистицираноста е тактика (партизанска, герилци, терористи, специјалци и слично). Термобарична (вакуум) бомба е користена во Виетнам, Авганистан, Украина и во Африка. Создава две експлозии – прво мала за отворање контејнер со специјален спреј, второ – го пали спрејот со висока температура и консумација на кислород. Максимална е руската ОДАБ-9000 со 44Т ТНТ. Можни се „транспорт“ ракети со повеќе бомби (МИРВ). Трендови на развој се дронови (прв – Михаил Михајлов кај нас, концепт облак ДАРПА Купер-Сади), вештачка интелигенција, квантум-машини, роботика, криптографија, математика, сензори, космос, суперсоничност, автономност, разорност, интерцепција, материјали, биотехнологии, заштитни облеки, АПС-заштита на возила, антитероризам и разузнавање. Радари – дисплеи – сензори се – антитерористички, поморски, летачки (АВАКС, УАВ), сателитски, ареј, НВС, временски, проектил-контрол, астрономски, СИГНТ, сите АИ-поддржани. Математики – класични, игри, топологија, категории, граф, Фишер-сенсинг, неуклидски, криптографии, РИС, константи, апроксимации, креирање, парапартикли, АИ-теорија на струни (AI-string theory), АИ-Калаби-Јау итн. „Орешник“ – употребена пред некој ден во Украина, е субгрупа на „РС-26-рубеж“ суперсонична интермедијарна или интерконтинентална варијанта, со субмуниција (повеќе нуклеарни или касетни бомби) и брзина над 10 маха (куршум – во просек 1,5 мах, Ремингтон – 3 маха). Недопирливи се со антиракетни системи. Еквиваленти и до над 20 маха се ДФ-41 (Кина) ХВАНСОНГ-18 (С. Кореја – Понгунг – Винилон), „циркон“, „искандер“ и „авангард“ (Русија) (проф. Милиновиќ), АГМ-183А-АРРВ (САД на Б52 носач), MAKO (САД, со Ф-35Б – сега и Јапонија и „хиперсоник атак“ (Hypersonic Attack – САД). Антихиперсонични, можеби поважни се АСТЕРБ1НТ (Европа), ГПИ (САД), PAC-3 („Локид“), „Боинг“ и „Андурил“ (САД, идни). АИ се вградува во сите системи (сателити, дронови, тенкови, интелигентни проектили, радари, С-600). АИ (сега 6Г) се користи за автономни летала, автономни возила („ДАРПА рејсер роботик“ – DARPA RACER ROBOTIC), нуклеарен клауд-систем, swarms neural networks (дронови, ракети, сателити), учење, квантни системи, визуализација, нова хибридна војна (ЦСИС, three wars – psycho-politico-law are – Бруно Кал), зголемена реалност, симулации, симултани операции, когнитивно зголемување, „игри“, сателитска војна (УЛА-ВУЛКАН програма) и разузнавање.
Војна преку компјутер е „дигитален кукавичлак“.

Во комбинација со квантни компјутери се развиваат системи со еден милион кјубити и до милијарди пати побрзи од сегашните. ДЕВ (DEW – directed energy weapons) се ласерски (ИФПЦ ХЕЛ од САД), електромагнетски, микробранови и честички, кои се единствена можност за противхиперсонична одбрана. Електромагнетски солитон е енергетска топка (како во Тунгускиот инцидент), а постојат и апарати за масовна деструкција. Шеста генерација џет – интегрира невидливост, суперсоничност, автономност и стратегии. Сегашните Ф-35 II се во конкуренција со рускиот СУ-27. Кинетичките оружја (кинетско бомбардирање) користат огромна кинетичка енергија на проектил забрзан со електромагнетно поле. Може да се лансира од земја, брод или сателит („вештачки астероид“ – до 24 маха со разорна моќ на тактичка атомска бомба). Нови мали B61-12 термонуклеарни бомби на носачки авион (Нортроп Груман Б2) со нови криптографски управувања се поставени во Европа, а исто и најновиот „Б21 рајдер“. Ултрасоничното и психотропно оружје се воена тајна. Биовојната користи летални приони, вируси и бактерии (сега во депоа). Сај-фај идни оружја може да бидат квантум-дот-неврони, нанотехнолошка магла, фотонски материи, интелигентни материи, генеза на суштина, енергетски кјубити, стринг-неврони итн.
Трката продолжува. Разумот е обратнопропорционален од силата. Иднина? – Ќе бидеме друго.

Професор д-р Самуел Садикарио