По повод 50 години од излегувањето на првата книга
Горјан Петревски, еден од најчитаните македонски писатели за деца и тинејџери, крајот на годината го дочека со објавување на третиот том од неговите собрани дела, по повод 50 години од излегувањето на неговата прва книга.
Издателството „Македонска реч“ го објави третиот том од проектот „Избрани дела“ од Горјан Петревски, со романите: „Марта“, „Другата Марта“ и „Сама“.
Проектот е поддржан од Министерството за култура, а ќе содржи вкупно 18 романи на Петревски, во шест тома (по три романи во секој).
Се подготвува по повод 70 години од животот на авторот и 50 години од излегувањето на неговата прва книга.
Во првиот том беше објавена трилогијата: „Споменка“, „Спомените за Споменка“ и „Сонот со Споменка“, а во вториот: „Исти очи“, „Далечна љубов“ и „Пламени залези“.
Дизајнот, кориците и компјутерската обработка се на академскиот сликар Томе Манески.