Здрава храна
За да биде вита, но и полна со енергија, војвотката Кејт Мидлтон секој ден пие една иста напивка. Еликсирот за убавина и здравје, според пишувањето на американските медиуми, е домашен сок од кељ, со кој Кејт го започнува денот.
За тајната на нејзиниот изглед прашуваат многумина, особено откако ги воодушеви сите по раѓањето на ќерката Шарлот.
Имено, Кејт својот еликсир за убавина и енергија го пронашла во сокот од кељ, кој го меша во блендер со алга спирулина, листови од зелен чај, спанаќ, коријандер, зелена салата и боровинки и добива чаша полна со витамини и енергија.
Освен тоа, јаде и овесна каша, за која нутриционистите тврдат дека е најдобра опција за здрав појадок и содржи големо ниво на влакна, протеини, минерали, калциум и витамин Б. Овесот е одличен за системот за варење и го држи холестеролот под контрола.