Марш за барем малку општествена емпатија

Најголемо внимание во јавноста деновиве предизвика маршот на членките на активистичката група „Фемен“ во Париз, кои на своите разголени гради го имаа нацртано американското или руското знаме, означено со свастика. Коментарот на еден мој пријател: „Верувај ми, ниеден хетеросексуален маж нема да слушне што извикуваат“ (алудирајќи на машкиот фокус на разголените гради) ме поттикна на размислување околу оправданоста на ваквиот субверзивен начин на репрезентација на оваа и на сличните активистички групи. Мислам дека токму ваквата појавност има длабока симболика, во смисла на тоа „не гледај во моите гради, слушај што зборувам“ (или мора ли жените да бидат голи за да бидат слушнати/забележани)

„Феминизмот никогаш никого не убил, мачизмот го прави тоа секој ден“, ова беше мотото на еден од транспарентите што можеа да се видат во саботата на демонстрациите во француската престолнина по повод Меѓународниот ден на жената, на кои се собраа неколку илјади луѓе протестирајќи за правата на жените по повик од организациите и синдикатите што се борат против родовата нееднаквост. Протестантите рекоа дека се собрале затоа што сѐ уште „има закани врз правата на жените во Франција и во светот“. Меѓу главните барања на демонстрантите беше намалување на разликата во платите кај жените и мажите, бидејќи, според податоците на Националниот институт за статистика и економски студии, во 2023 година за исто работно време просечната плата на жените била за 14,2 отсто помала од онаа на мажите. Покрај еднакви плати, тие апелираа и за политичка застапеност и крај на родовото насилство, истовремено изразувајќи стравувања од зголемената репресија.
Многу од жените што маршираа во европските престолнини, вклучувајќи ги Париз, Берлин и Мадрид, рекоа дека се плашат од растечката сила на реакционерните политички сили, вклучувајќи ја и екстремната десница. Во Аргентина илјадници се приклучија на демонстрациите низ целата земја, при што многумина го критикуваа претседателот Хавиер Милеи за политиките, вклучувајќи го и затворањето на министерството одговорно за справување со родовото насилство и нееднаквоста. На протестот во Берлин, пак, некои демонстранти држеа плакати со пораки како „Запалете го патријархатот, а не планетата“…
Најголемо внимание во јавноста деновиве предизвика актот на револт, своевиден перформанс, на членките на активистичката група „Фемен“, кои маршираа во Париз со разголени гради (препознатлива практика на оваа група) со американското или со руското знаме, означено со свастика, нацртано на нивните гради, гласно извикувајќи ја паролата „Фашистичка епидемија, феминистички одговор“… Коментарот на еден мој пријател: „Верувај ми, ниеден хетеросексуален маж нема да слушне што извикуваат“ (алудирајќи на машкиот фокус на разголените гради) ме поттикна на размислување околу оправданоста на ваквиот субверзивен начин на репрезентација на оваа и на сличните активистички групи. Мислам дека токму ваквата појавност има длабока симболика, во смисла на тоа „не гледај во моите гради, слушај што зборувам“ (или мора ли жените да бидат голи за да бидат забележани).

На сличен начин своевремено анонимната група посветена на борбата против сексизмот и расизмот во уметничкиот свет, „Герила грлс“, за првпат го постави прашањето дали жените мора да бидат голи за да влезат во музејот „Метрополитен“ (алудирајќи на малото присуство на женски автори во збирките на големите музеи).
Оттогаш текот на настаните во општеството си го направи своето и работите сепак некако се придвижија, но не може да се очекува со тој еден потег (или со многубројните подоцнежни) да се разврзе целото методолошко клопче на историјата

Ова е своевиден одговор на сексуализацијата на женското тело, занемарувајќи го она што жените имале и сѐ уште имаат да го кажат, особено оние жени што безрезервно се залагаат за поголема видливост и оние што не можат да ја прифатат тезата дека феминизмот повеќе не ни е потребен, иако всушност во поново време (судејќи и според паролите на неодамнешните протести) тој добива димензија на своевидна борба за еманципација и подобар свет во кој владее мир – егалитарен, праведен и слободен.

На сличен начин своевремено анонимната група посветена на борбата против сексизмот и расизмот во уметничкиот свет, „Герила грлс“, за првпат го постави прашањето дали жените мора да бидат голи за да влезат во музејот „Метрополитен“ (алудирајќи на малото присуство на женски автори во збирките на големите музеи). Оттогаш текот на настаните во општеството си го направи своето и работите сепак некако се придвижија. Сега не би требало да се очекува со тој еден потег (или со многубројните подоцнежни) да се разврзе целото методолошко клопче на историјата, но тоа што од неа би требало да се очекува е да покаже дека барем во 21 век жените квалитативно учествуваат еднакво како и мажите во сите општествени процеси.
Всушност, тоа е и целта – да им се врати на жените заслуженото место, да се редефинира нивната социјална улога, така што секоја мека заоблена форма нема веднаш да се прогласи за женски став, ниту пак ќе биде прогласена за „женска“ секоја акција што изразува и малку општествена емпатија. Во тој контекст, за поздравување е секој протест што покажува дека за да почнат жените сериозно да се сфаќаат може, но и не мора, да бидат голи (и измачкани со менструална крв!).