Проблемот е што Грција не признава Македонци, не признава македонски јазик, туку плампа (по егејски зборува) за некаков славофонски идиом, а сака да наследи без да плати сѐ што одзела од Македонија. Што е тоа ако не етнофашизам? Па, тоа во суштина е геноцидна политика заверена со потписи на билатерален договор (анихилистички за Македонците) скратено наречен Преспа
САД сметаат дека Косово е последното камче од мозаикот наречен распаѓање на Отоманската Империја. Оваа интересна теза ја исфрли на еден семинар во Охрид амбасадорот Кристофер Хил. А ако е тоа кажано од претставник на Стејт департментот, тогаш тоа со сигурност значи дека Америка сериозно се ангажира да ја реши и таа загатка. Како? Тоа е многу поширока и подлабока тема, но главно механизмите за решавање конфликти на Америка се доволно познати, иако во последнава деценија нивната дипломатска машинерија (од типот на Холбрук дипломати-булдожери) заглави на повеќе жешки точки. Дали одговорот за ова треба да го бараме во мултиполарниот свет речиси комплетно скроен? Без дилеми да.
На тој семинар јас ја нафрлив тезата дека всушност Косово, заедно со Република Македонија, може да биде последното камче од распаѓањето на Македонската Империја, за кои некои упорно тврдат дека е всушност Византија. Ако им е ќеф, нека уживаат во лагите. Практично тој процес на распад на империите е паралелен, зашто како што Рим не успеал комплетно да ја покори и асимилира Македонија, така ни Отоманците (шеријатот) не успеале да ја асимилираат Македонија. Затоа и процесите на распаѓањето се одвиваат паралелно, во еден простор духовно и цивилизациски поприлично различен. А во тие векови, кога едни паѓаат, други растат, па и се создаваат нови нации што сосема природно биле моделирани според нормите, традициите, правилата… во просторот каде што живееле. Христијанството е еден од типичните примери. Или исламизацијата. Јазикот, писмото, фолклорот, архитектурата… Што уште треба како поголем доказ?
А веројатно ако повторно се сретнеме со амбасадорот Крис, пак нема докрај да се согласиме за „наративите“. Но, да, за луѓето со две глави. За првпат со нив се сретнав на едно предавање на „Оксфорд“ кога еден професор Грк ме убедуваше дека тој е всушност Македонец, оти потеклото му било од Македонија, а јас најверојатно некое племенско ѓубре. Џабе ти се сите дипломи и напишани книги кога имаш нешто во себе, а се вика етнофашизам, мој драг професоре. Му одговорив дека и јас сум Македонец и тоа му го кажав на македонски јазик, но тој ништо не разбра. Имаше неколку студенти присутни во предавалната по потекло од Бугарија, тие ме разбраа и се насмевнаа.
Професоре, вие велите дека сте Грк, а и Македонец. Значи вие сте човек со две глави (паралела со коњот на Александар Македонски, Букефал), една грчка и една македонска. Првин кимна, па се налути. Македонци не постојат! Еве му велам постојат.
Проблемот е што Грција не признава Македонци, не признава македонски јазик, туку плампа (по егејски зборува) за некаков славофонски идиом, а сака да наследи без да плати сѐ што одзела од Македонија. Што е тоа ако не етнофашизам? Па, тоа во суштина е геноцидна политика заверена со потписи на билатерален договор (анихилистички за Македонците) скратено наречен Преспа. Па, да се потсетиме на тезата – дали Македонија е последното камче во ограбената круна на Македонската Империја? Сите процеси водат кон такво нешто.
Ах, пасошите. Не беа подготвени ни пасоши да издаваат занесени од процесот на североизгнанизација на македонската нација. Ем ни го шитнаа името, небаре френкички, ем нѐ понижуваа да коленичиме за патна исправа на која стои ново накалемено име. А без „пашош“ не се може и не заборавајте патната исправа е во сопственост на државата. Сите трчаат да ја имаат, инаку каде ќе одиш? За никаде си.
На „Оксфорд“ еден професор, по потекло Грк, се препираше со мене дека тој е всушност Македонец, односно и Грк и Македонец, значи човек со две глави, а јас некое племенско ѓубре. Етнофашизам, класичен. А во косовска Гора, па и на други места, запознав луѓе со македонски, српски, косовски, босански и во поново време со бугарски пасоши. Балкански феномени, но и цврст доказ за тешките пропаганди
Се наредија за дипломатски пасоши одма. Голем ред во безредието со издавање дипломатски патни исправи. Се надеваме дека ќе се среди. Бидејќи како новинар поминав пешки стотици и стотици километри и по асфалт и по земја и по планини, па и на необележани гранични премини видов некои интересни работи како на терен работат странските пропаганди, видов луѓе со три и со четири пасоши, најмногу во областа Гора на Косово и во Албанија, во Голо Брдо, Пустец. Ги има и овде. Во косовска Гора луѓето имаа српски, босански, македонски и косовски пасоши. А на терен се сретнав со една бугарска новинарка, која преку своите репортажи отвораше пат за издавање бугарски пасоши во Гора откако таа откри дека таму меѓу падините и врвовите на Шара живееле со векови Бугари, ама ете таа како авантурист на Нешенел џиографик прва ги открила. Така се работи тоа на Балканот. Пропаганди и пропаганди. (Последниот султан кога го прашале за грчката, бугарската и српската пропаганда, вака го објаснил тоа: Одите по пат и на средина наоѓате едно лајно. Ако го поделите со стап, тоа пак си останува лајно).
Државите се испустеа, народот се исели по светот, Бугарија се испразни драматично, арно ама старите пропаганди (Сакс Кобург Гота) си ја пеат песната. Е па, која песна ќе ја пееме, вашата или нашата? Или ќе пееме во дует? Што мислите, има ли шанси да се заврти плочата и да почнеме да живееме навистина добрососедски, кога твојот прв комшија ти вели дека ќе те асимилира, а од друга страна ти вели дека ти всушност и не постоиш, ти си измислен. Едните велат те измислила Коминтерната, а другите тоа го направил Тито. Третите и четвртите комшии ги чекаат своите пет минути, немојте да мислите дека немаат свои математики и побарувања. Сепак, не заборавајте, станува збор за последното камче/рубинче од круната. Отоманската Империја одамна е распадната, сега се чека Македонија да ја снема. Да умре, или да ја убијат.
Преспански, Договор со Бугарија, тиранска платформа, пописни гуми за бришење. Затоа, треба да се исправиме и самите да кажеме кои сме, што сме, на што сме и што сакаме. Од вазалство и наведната глава аир не видовме.