Андреј Ројдев 5 одд Васил Главинов

Вие ни пишувате.: Литературни и ликовни творби за пролетта од учениците
од ООУ „Васил Главинов“ – Објект 2 во Велес

Горско кладенче

Во планинските дворови
кај столетни борови
каде птица гнездо свила
и шумата дом им била.

Таму под дабот се скрило
како мало дете да било
кладенчето извор блика
како огледало на
шумската лика.

Ветрето тивко вее
славејот најубава песна пее
кладенчето водата ја лее
и секому таа му се смее.

Во кладенчето водата сјае
таа триста бајки знае
неуморно ги раскажува сите
мирно да ни минат дните.

Тале Мицелинов, петто одд. ООУ „Васил Главинов“ – Објект 2 Велес Ментор: Лила Арсова


За Сандра

Сандра е со коси од свила,
отсекогаш одговорна била.
Со книгите верно се дружи
И секому таа помош сака да му пружи.
Со децата се дружи често,
другарството ѝ е на
прво место!
Животните исто многу
ги сака,
на нашата Сандра сѐ ѝ оди
од рака!
Таа е голема уметничка душа
која музика сака да слуша!
Со четки и бои листови шара,
од песнички инспирација
си бара!
Умее таа понекогаш
и да се скара,
Но само ако некој навистина тоа си го бара!

Мила Арсовска, петто одд. Ментор: Васко Бојчев
ООУ „Васил Главинов“ – Објект 2 Велес


Кладенче

Колку ли жедни усни
твојата вода напоила
студено кладенче мое?
Некогаш, ти извор
на животот!
Денес, само во гората
и приказните!
Ти, кладенче извор вода,
сведок си на многу
тајни збрани
за настани секојдневни
разни.
Неуморно од тебе
кладенче мое
протекува вруток сјаен!
Твојата бистра вода
живот за секого значи!
Неуморно таа тече
и раскажува.
Кладенче, ти секој патник го радуваш!
Затоа со твојот весел жубор
гората со восхит зрачи!

Мила Арсовска, петто одд. ООУ „Васил Главинов“
– Објект 2 Велес Ментор: Васко Бојчев


Полжавче

Едно мало полжавче
необично мило,
Во дворот наш се всели
и од мене не се дели!
Исправило главче надвор,
пуштило рокчиња мали
во тревникот шета,
со росните треви се гали
и со инсектите иако се мали!
Во цвеќето се крие,
кога многу му се спие!
Полжавчето мало деца
и куќичка своја има,
на грбот си ја носи
за ветрот кога коси!

Теодора Мицелинова, четврто одд. Ментор: Васко Бојчев
ООУ „Васил Главинов“ – Објект 2 Велес