Фото: Игор Бансколиев

Во период од една и пол година, Кристијансанд освои две европски титули, а репрезентацијата на Норвешка стана европски и светски првак

РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНКИТЕ

Европската круна во ракометната Лига на шампионките (ЛШ), втора година во низа замина кај Кристијансанд. Норвешкиот клуб на фајналфор-турнирот одржан во Будимпешта (Унгарија) славеше во финалето на натпреварот со унгарски Ѓер, со 33-31.
Најефикасна во победничкиот состав беше Маркета Јерабкова со шест, додека Кнедликова и Изабел Гулден впишаа по пет гола. Кај Ѓер доминираше Ане Мате Хансен со шест погодоци.
Во натпреварот за третото место француски Мец убедливо славеше над дански Есбјерг со 32-26. Во полуфиналните дуели, пак, Ѓер го победи Есбјерг со 32-27, а Кристијансанд беше подобар од Мец со 33-27.
Со втората титула во низа за норвешкиот состав, кој беше и трет во Лигата на шампионките во 2019 година, продолжи доминацијата на Норвешка во женскиот ракомет, откако репрезентацијата на таа земја во декември лани стана светски првак (четврти пат), една година пред тоа и европски шампион (осми пат), а во меѓувреме освои и олимписка бронза.