Инферно – Кочани во црно

  • Системот драги браќа и сестри – системот – пљачко-расипано-сатано-морбиден капитализам – само профит и профит и профит. Човек е „паштета“ од профит, набутани деца во некаква несигурна „барака“, па нека пеплоса некој. Мозокот ви е саде профит!
  • Кога на гробовите на вашите ангели ќе одите да се присетувате на нив, немојте да чувствувате омраза, мислата оди кон нив, тие чувствуваат, верувајте, ним им треба љубов, цвеќињата ваши се душата, присеќавајте се на убаво, радостите, песната. Ви велам од нискоста и бедата своја, сакајте го овој измачен свет

Бог да ги прости децата ваши, милите ваши, богатството ваше, сонот ваш, надежта ваша, душата на вашето срце, брутално одземена од среќата ваша, од изгревот на вашето сонце, од надежта ваша. Одземање на љубовта е најголема казна, изгор, удар и катастрофа, апокалипса што може некому да му се случи. Јас доживеав слично кога членови на мојата фамилија загинаа во скопскиот земјотрес. Моите родители доживеаја холокауст и сите мои беа убиени во логори. Ова е исто, холо-хорор, одземање на вашите души, пустош, смалување на себе и сите вредности, убиство на човекот, хуманото во вас. Земањето близок е земање на целиот свет. Ја бакнувам вашата уништоженост до бескрај.

Сега ќе се бара кривецот, ќе почнат партиски препукувања и познати перверзии учипувани во мозоците на сите партии, бидејќи партиите се беда, а не сочувствување. Можеби и ќе изнесат народ на улици – лицемерство! Може и за доаѓачките избори да им прикористи. Срам да им е на сите! Пред тоа за пеколот во Тетово и Бугарија – никој „не е виновен“. Баш никој. Цифрата овде ќе биде поголема и од двете. Се надевам дека некој ќе одговара. Или можеби не? Дали пак ќе биде некој кабел или инсталација или материјал или спротивна партија…? И толку?!
Системот драги браќа и сестри – системот – пљачко-расипано-сатано-морбиден капитализам – само профит и профит и профит. Човек е „паштета“ од профит, набутани деца во некаква несигурна „барака“, па нека пеплоса некој. Мозокот ви е саде профит! Што ќе беше, еј партијци, ако и ваши деца изгореа – ве прашувам вас профитери? Секако, вие нема да бидете казнети во мизерниот правосуден систем и генерален „либеро-капиталистички“ систем што не може ни да го помрднат. Секоја чест на министерот Тошковски, чесен човек што се труди! Но што може сам?
Немоќен е против мафијата, а и против инферното и сатанизмот.

На тие сатанисти паликуќи им посакувам – истото ним да им се случи, холо-хорор, холокауст – мизерија како што се тие, пепел да се сторат… Бидејќи немаат срам, ниту совест ниту жал – а правосудството, ниту пак странскиот фактор (дипломатите само тепаат свои пријатели овде, наместо непријателите – Боже прости им не знаат што прават) ќе мрморат, ама ништо нема да направат. На сите профито-мафијаши и небрижници да им се случи ова инферно! Анатема! Амин.
Кога на гробовите на вашите ангели ќе одите да се присетувате на нив, немојте да чувствувате омраза, мислата оди кон нив, тие чувствуваат, верувајте, ним им треба љубов, цвеќињата ваши се душата, присеќавајте се на убаво, радостите, песната. Ви велам од нискоста и бедата своја, сакајте го овој измачен свет.

професор д-р Самуел Садикарио Колономос