Не сакам да пишувам колумна кога основна движечка сила ми е нервозата. Тоа значи дека меѓу редови ќе има многу нервоза и на крајот, откако ќе ја ставам последната точка, јас ќе бидам уморен. Нервозата едноставно ме уморува и сакам кога воопшто не е присутна. А изминатава недела навистина се нервирав. Сега ќе се нервирате и вие. Затоа ќе ја „сплескам“ колумнава и со сите сили ќе се трудам што побрзо да побегнам од неа.
Не ми е јасно зошто уште има натегања околу тоа чиј е Гоце Делчев. Оставете го нека почива во мир, сеедно што фактички гробот веќе не му е во слободна Македонија, туку во држава со име на окупација. Доволно му се посравме на ликот и делото. Бугарин не е, не бил и никогаш нема да биде. Гоце Делчев е Македонец. Само што не ни припаѓа нам. Нема никаква врска со народот што идентитетски ѝ припаѓаше на државата Република Македонија, сега изопачена во зомби што јас го нарекувам Нордистан. Гоце Делчев е Македонец, Македонците се Хелени, а денес тие се нарекуваат Грци. Така пишува во Преспанскиот договор. Тогаш зошто „омуртази и нордистанци“ се натегаат кому му припаѓа?
Преспанскиот договор е нацистички акт за идентитетски холокауст врз цел еден народ. Во неговото спроведување учествуваа две американски администрации, оние на Обама и Трамп, ЕУ и НАТО, нордистанските политичари, медиуми, експерти, професори, граѓанството луѓенца, шарени „револуционери“ и конформистичкиот менталитет на народот кој по бојкот на референдумот не превзема ништо да ги спречи злосторничкото здружување и терористичкото загрозување на Уставот што се случи при гласањето во собрание од страна на власта и неколку опозициски пратеници. Нема да навлегувам во деталите за специјалната војна против тогашна Македонија, нарачана од Бајден. а предводена од дипломатот разурнувач Џес Бејли, која започна на 27 април 2014 година, а заврши точно три години подоцна, на 27 април 2017 година. На оваа тема имам напишано стотици страници колумни и немам намера да навлегувам во детали, оти по секое навраќање на овој геноциден период, добивам нова брчка на душата. Да, во сето ова учествуваше и американскиот народ, секако без да знае, преку УСАИД.
Звучи страшно бесмислено сета онаа еуфорија, радост и сеирење, откако Трамп, Маск и Рубио влегоа во војна со УСАИД, па објавија купишта документи што покажуваат како се трошеле парите на Американците од страна на оваа владина институција, која финансирала од презервативи за Хамас, преку обоени револуции за рушење влади и држави како онаа кај нас, до финансирање холивудски и музички ѕвезди за да одат и да се лигават во Украина. Ми доаѓа да го прашам Трамп, добро бе, човек, кај ти беа очите четири години во минатиот мандат, ама што по ѓаволите од такви прашања? За нас сето ова ништо не значи, ние сме завршена приказна со геноциден крај. Можеби нешто и ќе донесе позитивно за американските даночни обврзници, но тоа си е нивна работа со која ние немаме никаква врска.
Не само бесмислено, звучи и глупаво сета оваа радосна еуфорија по падот на УСАИД, бидејќи тогаш, кога преку нивниот кеш за финансирање домашни вазали и одработувачи се рушеше македонската државност и идентитет, нè имаше такви што сето ова го пишувавме, ама бевме бележани како режимски платеници и поддржувачи на измислена диктатура, не само од оние што беа платени да го прават тоа (крадецот вообичаено вреска, држте ги крадците), туку и од многумина што денес глумат патриоти. Не чувствувам никакво задоволство од сегашното објавување документи со кои се докажува дека она што сум го пишувал е вистина. Ме нервира што денес се исчудуваат интелектуалци гледајќи колку пари се фрлени за да се тера еден наратив што доведе до документиран крај на македонското прашање на наша штета. Отсекогаш сум бил убеден дека интелектуалецот е ограничен од сопственото образование.
Ако радоста звучи бесмислено и глупо, тогаш лелекот на оние што досега со офајдувале од парите на УСАИД и Сорос, просто не се поднесува. Дајте ваму да отвориме телефонски броеви за донации, Обединетите нации нека кренат прифатилишта за преживеаните од војната меѓу Трамп и УСАИД, владата да почне да ги субвенционира овие кутри наши претставници на енџиовштината за ширење демократија и медиумските паразити на кои им беше финансирана „независноста“. Брутално ме нервираат токму муабетите како УСАИД финансирале демократски процеси, независност на медиуми и судски реформи. А-ха, ги гледаме плодовите на оваа жетва. Демократијата ви се сведува на сатанизирање, ако се бунтувам против американската политика на „длабоката држава“, тогаш сум руски бот со пропагандата на Путин во вените и треба да бидам запален на клада како неподобен. Медиумската независност хорски ќе ја пренесе оваа информација за моја сатанизација, а реформираното судство ќе изведе политичко-полициски монтиран процес на кој и Кафка може да му позавиди, по кој експресно ќе ме осудат за тероризам.
Добро сега, малку и се насмеав, со горчлива насмевка го забележав крикот на медиумските и НВО папагали, кои здружно ни го споделија наративот демек ако не беа УСАИД, шајка немаше да се удри во државата. Океј, ајде да зборуваме тогаш за шајки, иако, искрено, повеќе ми доаѓа да споменувам мајки. Не велам дека парите на УСАИД и Сорос не заковале понекоја шајка на училишта или на табла што ни кажува дека оваа клупа тука лично ја стави чичко Џорци, ама тоа е, бре, шминка што вечерва заведува, а веќе утре се размачкува и под неа излегува вистинското лице. А тоа, вистинското лице на парите што тука се истураа беше исто така за шајки, но тие се заковаа во мртовечкиот сандак за погребување на македонштината од која финансираниве избањати (во умот) луѓенца страшно се гадеа. Секако, се заковаа и шајки на нови прозорци и врати кај оние што се офајдија со станови и викендички по макотрпниот труд што го вложија за да ја прошират демократијата со нацифашистички договори, сатанизации, манипулации, монтирани судски процеси и злорадост спрема жртвите и жртвуваните откако сето тоа се спроведе. А да, веројатно ви останале во резерва шајки за распнување, оти колумнава сигурно ќе ве вознемири, ама што се однесува до мене, фак оф, слободно дејствувајте, мислам, ако независно се организирате.