Драги деца, вашиот омилен фестивал за детска песна „Златно славејче“ на 6 и 7 април, со почеток во 19 часот, ќе одржи аудиција за нови членови на хорот, а поканата за учество важи за сите деца на возраст од 7 до 12 години.
Аудицијата ќе се одржи во просториите на Советот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје, на бул. Илинденска бр. 55 (веднаш до ДКЦ „Карпош“).
Сè што треба да направите е да нè посетите и да бидете расположени за другарување и пеење со сегашните и идните славејчиња.
Дополнителни информации на тел.: 070 266 507 или 070 267 492.