Времето и околностите ги менуваат, ги бришат и исцртуваат нови црвени линии кога тие се врзуваат за некои конкретни ситуации и решенија, а не за начелата и за принципите. Токму со таквата неминовност се соочува актуелната власт по завчерашното сведочење на еден од главните актери во аферата со бомбите, поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски, кој, случајно или не, секогаш се појавуваше со некакви прислушувани разговори кога требаше да се случи политички пресврт во земјава. Но тоа веќе е друга тема. Она што во моментов е интересно е неговото сведочење пред судот, кое, најблаго речено, ја доведе во прашање веродостојноста на она што како содржина на бомбите ѝ беше презентирано на јавноста од страна на СДСМ додека беше во опозиција, а што беше искористено како главен адут за преземање на власта пред неколку години
Баналните меѓупартиски и меѓуекспертски надмудрувања, кои го приграбија јавниот простор, речиси во правило, претендираат на исцртување некакви црвени линии, позиции од кои наводно нема отстапување, кои, како што се обидуваат да ја убедат јавноста, ќе се бранат до последната капка крв. Речиси не поминува ден, а некој од политичарите, нивните стручни советници и самопрогласени идеолози пред некоја камера да не исцрта некаква црвена линија. Од годините што изминаа носејќи ги со себе неброените епизоди на политичките, безбедносните, економските и секакви други кризи, остана цела мрежа на напуштените, избришаните и прегазените црвени линии, на кои речиси никој веќе не се ни сеќава. Но она што навистина е парадоксално е самоувереноста со која истите тие актери повторно се обидуваат да се наметнат со некакви нови црвени линии.
Малку поинтелигентните преговарачи, секако, се свесни оти поставувањето премногу црвени линии го задушува дијалогот, ги елиминира можностите за издигнување над тесноградите сфаќања и интереси, за секаков прогрес. Но на повеќето од нив, очигледно, тоа и не им е целта. Така црвените линии станаа евтина, податлива и често користена алатка за вадење на скапиот леб од еден од најстарите занаети – политиката. Во поновата македонска историја, црвените линии се поставуваа за сѐ и сешто. За одбрана на името Македонија, идентитетот, јазикот и Гоце Делчев во преговорите со соседните држави, преку иднината на предметите од бомбите на актуелниот премиер Зоран Заев во пазарењата со опозицијата околу новиот закон за јавно обвинителство, до износот од некои 200 евра максимална минимална плата што е прифатлив за работодавците во земјава.
Налет да им се и скапите чанти и блиндираните мерцедеси и валканите пари и на едните и на другите. Но сведочењето на Верушевски го зацврсти уверувањето, на сега веќе поголемиот дел на јавноста, дека дури и најтешките човечки трагедии, и од страна на тогашната власт и од страна на тогашната опозиција, кои и покрај тоа сѐ уште се доминантни на политичката сцена, биле користени за дневнополитички тактизирања и за креирање некакви болни партиски стратегии. Е, тоа е таа црвена линија што не смееја да ја поминат. Ниту едните, ниту другите. И тоа е она што ќе остане, не само како уште една отворена рана за семејствата на настраданите туку и тешка грутка во грлата на сите што во овие ненормални околности задржаа барем по нешто од нормалноста
Времето и околностите ги менуваат, ги бришат и исцртуваат нови црвени линии кога тие се врзуваат за некои конкретни ситуации и решенија, а не за начелата и за принципите. Токму со таквата неминовност се соочува актуелната власт по завчерашното сведочење на еден од главните актери во аферата со бомбите, поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски, кој, случајно или не, секогаш се појавуваше со некакви прислушувани разговори кога требаше да се случи политички пресврт во земјава. Но тоа веќе е друга тема. Она што во моментов е интересно е неговото сведочење пред судот, кое, најблаго речено, ја доведе во прашање веродостојноста на она што како содржина на бомбите ѝ беше презентирано на јавноста од страна на СДСМ додека беше во опозиција, а што беше искористено како главен адут за преземање на власта пред неколку години. Налет да им се и скапите чанти и блиндираните мерцедеси и валканите пари и на едните и на другите. Но сведочењето на Верушевски го зацврсти уверувањето, на сега веќе поголемиот дел на јавноста, дека дури и најтешките човечки трагедии, и од страна на тогашната власт и од страна на тогашната опозиција, кои и покрај тоа сѐ уште се доминантни на политичката сцена, биле користени за дневнополитички тактизирања и за креирање некакви болни партиски стратегии.
Е, тоа е таа црвена линија што не смееја да ја поминат. Ниту едните, ниту другите. И тоа е она што ќе остане, не само како уште една отворена рана за семејствата на настраданите туку и тешка грутка во грлата на сите што во овие ненормални околности задржаа барем по нешто од нормалноста. И токму тоа што никој веќе не го демонстрира револтот треба да им биде јасен сигнал колку е сериозна ситуацијата.