Од идната недела во кината во Скопје ќе почне да се прикажува анимираниот филм „Мисијата Катманду“, синхронизиран на македонски јазик. Ова интересно остварување ги опишува авантурите на Нели и на Сајмон. Режисери се Пјер Греко и Ненси Флоренс Савард, а приказната е сместена во 1956 година.
Во центарот на вниманието се Нели Малое, приватна детективка, и научникот истражувач Сајмон Пикард, кои ги соединува судбината и ги носи во Непал во потрага по снежното чудовиште Јети.
Гласовите на анимираните ликови им ги позајмија глумците: Силви Моро, Гиом Лемеј Товијаж и Ричард Бадури.